Марковски, Пановски и Даниловски станаа дел од Комисијата за заразни болсти но само во наслов на новинарски текст

Рецензираме текст во кој, во насловот авторот, поканата на Министерот за здравство Беким Сали, до универзитетските професори Марковски, Пановски и Даниловски да земат учество во работата на Комисијата за заразни болести, ја претставува како завршена работа, иако во самиот текст се пренесува само објавената порака на Министерот на неговиот ФБ профил. Во текстот недостасуваат изјави на посочените експерти, со што евентуално би се поткрепила констатацијата во насловот.

Ковид 19 ќе го смачкаме за нецел месец! Вело Марковски, Пановски и Даниловски по предлог на новиот министер влагаат во комисија! Булдожер епидемиолозите ќе го оправаат она што го уништи тврдоглавиот Филипче“ е насловот на текстот.
Насловот дезинформира со пишувањето дека тројцата доктори стануваат дел од Комисија, што беше демантирано низ нивните изјави во јавноста.

Микробиологот Пановски изјави дека нема никаков проблем да го советува првиот човек во здравството, но сепак начинот на кој е поканет не заслужува да се коментира.

Епидемиологот и поранешен министер за здравство Даниловски уште пред еден месец се изјасни дека нема намера да биде член на Комисијата а

Д-р Марковски вели дека Комисијата е советодавна на министерот без суштинско влијание на какви било мерки и дека Министерот со комплет кадровски и стручни решенија требало да излезе при неговиот избор во парламентот.

Не е време за молење-им порача министерот Сали на експертите Даниловски, Пановски и Марковски, откако тие се изјаснија што мислат за неговата покана.

Поканата е јавна до сите експерти. Во случај на пандемија, односно во случај кога ние се бориме против еден вирус мислам дека не би требало да пристапуваме со начинот како сме повикани, туку треба да пристапиме позитивно кон поканата и да одговориме и да бидеме членови на комисии, односно работни групи каде што се судруваат или се дискутираат аргументи со цел доаѓање до некое одредено, привремено, можеби и трајно решение, потенцира министерот Сали

Со тенденција да се привлече вниманието на јавноста, самиот наслов претставува вистинска мамка за читателите. Тој не коренспондира со текстот и главната  цел е да се привлече поголем број на посетители на веб-страната во еден специфичен момент. особено што споменатите експерти секогаш во јавноста ги критикуваа одлуките на Комисијата за заразни болести, а сега „стануваат“ дел од истата.

Во насловот, авторот на текстот посочува дека „ Ковид 19 ќе го смачкаме за нецел месец!“.

Никој во моментов не може да каже кога и како ќе заврши пандемијата, иако повеќе доктори и научници излегоа со прогнози. Според проценките на СЗО, 60 отсто од сите луѓе во Европа би можеле да бидат заразени со варијантата омикрон до март.  Меѓутоа, закана се евентуалните нови мутации на вирусот. Според тоа, на граници на сензационализам е да се каже дека само поради тоа што во Комисијата за заразни болести влегуваат тројца нови членови,  „ Ковид 19 ќе го смачкаме за нецел месец!“.

Според Кодексот на новинарите во онлајн сферата  „Имајќи ја предвид спецификата на онлајн новинарството и реалната потреба од брзо објавување информации, онлајн медиумите сепак ќе водат и постојана грижа да не го нарушат основниот принцип на точно и објективно информирање.“

Како и да заврши целата оваа приказна, факт е дека  рецензираниот текст, т.е насловот на текстот е дезинформација и дека може да ги измами  читателите без да го прочитат текстот што е и целта на клик-бејтот.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.