Уште едно одлагање на судењето за побелувањето на реката Брегалница

Ни по трет обид не успеа да почне судењето за еколошкиот инцидент, кога целосно побеле реката Брегалница, по течението кај Штип, откако на 23 јуни 2020 година, беше испуштена хемикалија од компанијата „Техникал Текстајл“. Од закажаното рочиште во Основниот суд во Штип денеска отсуствуваше адвокатот на компанијата, кој би позитивен на Ковид – 19. Новото рочиште судијката Невена Перица го закажа за 16 февруари.

На претходно закажаното рочиште отсуствуваше извршен директор на „Техникал Текстај“, Јенс Вендланд, од здравствени причини.

Со новото одлагање, тече втора година како не успева ни да почне судењето за еколошкиот инцидент. Иако излевањето на хемикалијата е ненамерно, според Кривичниот законик, ова е кривично дело според членот 218, во став  3 пишува дека „ако делото е сторено од небрежност, сторителот ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.