Дете падна во бунар – сензационализам и премолчен факт дека е симулативна вежба

Рецензираме текст од веб портал со наслов: (ВИДЕО) Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепско Галичани, пожарникарите се жалат дека немаат соодветна опрема во кој новинарот никаде во текстот не наведува дека всушност станува збор вежба на ТППЕ Прилеп. При прво читање на текстот, читателот добива впечаток дека случката е вистинска.

Дете падна во бунар длабок 10 метри во прилепското село Галичани. Неговите родители веднаш ја повикале на помош ТППЕ Прилеп и по брзата интервенција на пожарникарите тоа е извлечено од бунарот со помали повреди

Подолу во изјавата на пожарникарот, тој објаснува за несреќата, но и други такви слични ситуации каде повторно никаде не е спомената вежба. Во ваков случај новинарот треба да спомене и каде е изјавена оваа изјава, со што би се појаснило дека станува збор за вежба, симулација доколку некој се најде во ваква ситуација и како ќе му се помогне.

Со ненаведување на точната информација, или половично точната новинарот во текстот го прекршил првиот принцип и етичка вредност на кој се основа Кодексот на новинари.

Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку што е тоа можно

Исто така во оваа информација искористен е сензационализам во насловот „дека дете паднало во бунар длабок 10 метри“, а со тоа што „пожарникарите се жалат дека немаат соодветна опрема“ се добива впечаток дека детето не е спасено.

Во овој дел е прекршен уште еден принцип од Кодексот на новинари:

„Начинот на информирање во случаи на несреќи, елементарни непогоди, војни, семејни трагедии, болести, судски постапки мора да биде ослободен од сензационализми

Според Насоките за етичко известување на онлајн медиумите, со овој текст е прекршен еден од принципите врз кои се засонова информирањето на новинарите на интернет сферата.

Имајќи ја предвид спецификата на онлајн новинарството и реалната потреба од брзо објавување информации, онлајн медиумите сепак ќе водат и постојана грижа да не го нарушат основниот принцип на точно и објективно информирање

Со тоа што може поинаку да се разбере текстот со ненаведување на точноста, во јавноста се дезинформира, со што е прекршен уште еден принцип врз кој се заснова онлајн информирањето.

„Онлајн медиумите нема да прикриваат или премолчуваат важни информации чие објавување би можело да влијае врз толкувањето или разбирањето на содржината на извештајот од страна на читателите. Премолчувањето на фактите кои можат битно да влијаат врз формирањето на ставот за некој настан или личност е еднакво на намерно искривување на реалноста и создавање дезинформации

Факт е дека дете паднало во бунар, но ниту во насловот, ниту во текстот е наведно за позадината на тоа, однсоно за симулативната вежба на ТППЕ Прилеп. Најдолу во текстот се наоѓа и видео прилог во кој новинарот дури таму ја споменува вежбата. Што многу значи за еден читател, во случај кога чита само наслов и текст без да го отвори видеото и да добие целосен впечаток за она што го чита.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.