Портал со стара фотографија и во коментаторски стил прикажува нереална состојба од центарот на Скопје

Рецензираме текст со насловот „(Фото) Бpyка во центарот на Скопје: Контејнери пред споменикот на децата бeгaлци“. Се работи за објава која користи стара фотографија за лажно претставување на сликата во центарот на главниот град пред споменикот на децата белгаци, при што авторот исто така, не прави разлика меѓу веста и коментарот како сосема различни новинарски жанрови.

-Во строгиот центар на Скопје близу хотелот Холидеј Ин е лоциран споменикот на децата бегалци. Споменикот е изграден пред неколку години, а денеска пред него се наоѓаат контејнери кои го кријат споменикот и плочата на која пишува кој се наоѓа на него. Ова е почитувањето кон историјата на локалните власти – се наведува во текстот.

Коментаторскиот аспект се согледува уште во самиот наслов, преку кој непознатиот автор оценува дека e срамота тоа што има контејнери пред споменатиот споменик. Сепак, новинарот според основните постулати во професијата, треба да информира, а не да го манифестира својот субјективен став, освен кога се работи за специфичен жанр како што е коментарот, што треба да и биде дадено до знаење на публиката.

Со ова, авторот го прекршува член 13 од Кодексот на новинари во кој се вели: „Новинарот треба да прави разлика меѓу фактите и мислењата, меѓу веста и коментарот“.

Освен коментаторскиот стил, во текстот манипулира, приложувајќи стара фотографија, што го наведува читателот дека е актуелна со состојба на споменикот деновиве. Дека фотографијата е стара неколку години може да се забележи и според плочникот кој е прикажан на неа, а кој веќе е сменет. Користејќи стара фотографија со цел да се прикаже наводна актуелна состојба, авторот го прекршува и член 1 од Кодексот на новинари каде е наведено:

„Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата не може да се потврди, или станува збор за претпоставка“.

This project was funded through a U.S. Embassy grantThe opinions, findings, and conclusions or recommendations expressed herein are those of the implementer/author Media plus and do not necessarily reflect those of the U.S. Government.

Овој проект е поддржан од Амбасадата на САД. Мислењата, откритијата и заклучоците или препораките изнесени овде се на имплементаторот/авторот Медиа плус, и не ги одразуваат оние на Владата на САД.

Ky projekt është i mbështetur me grant nga Ambasada e SHBA-ve. Mendimet, zbulimet dhe konkluzionet ose rekomandimet e paraqitura këtu janë të implementues/autore Media plus, dhe nuk i reflektojnë domosdoshmërisht ato të Qeverisë së SHBA-ve.