Барање понуди за услуга за продукција и постпродукција

На ден 06.01.2020 Медиа Плус објавува Барање понуди за услуга за продукција и постпродукција

Почитувани,

Здружението МЕДИА ПЛУС – Штип Ве поканува да доставите понуда за продукција и постпродукција:

а/ а) Продукција и постпродукција на 6 аудио стории ( 2 анализи и 4 стории)

 

Набавката е наменета за спроведување на активности кои се дел од проектот „Без Врска не е секогаш без врска“,

Ве молиме земете ги предвид барањата дадени во табелата подолу за доставување на понудата.

Понудата треба да биде во следниов формат:

Содр. бр. Опис на производ/услуга Количина Единечна цена без ДДВ (МКД)* Вкупна цена без ДДВ (МКД) Вкупна цена со ДДВ

 (МКД)

1. Продукција и постпродукција на аудио материјал со снимање и едитирање за емитување на национално радио.
1.1.   6      
ВКУПНО  

*Забелешка: Единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да се сметаат за подобни.

Критериум за избор на добавувач е цената и брзината на реализација.

Набавката на услугите не е делива.

Проектите финансирани од ЕУ се ослободени од данокот на додадена вредност (ДДВ). Набавувачот е должен на понудувачот да му ги достави Потврдата за регистрација на проект, како и Решението за регистрација на даночен обврзник. Понудувачот е должен на набавувачот да му достави фактура генерирана во системот на УЈП.

Понудата се доставува со предавање во архивата на набавувачот (адреса: МЕДИА Плус, ул.„5та Партиска Конференција“, Штип) или преку е-пошта на: (info@mediaplus.org.mk). Рокот за доставување на понудата е 5 работни дена од објавата на веб страната на медиа Плус www.mediaplus.org.mk .

Доколку понудата се праќа по е-пошта документите со печат и потпис треба да се скенирани.

Понудата треба да се достави најдоцна до 14.01.2020 година.