Медиа Плус има потреба од ангажирање на обучувач на 8 работилници

Работилниците се дел од активностите на Медиа Плус, од проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни„, проект поддржан од Цивика Мобилитас.

Ова лице ќе треба да ги осмисли/дизајнира и испорача едукативните и информативни работилници во 8 општини и при тоа, покрај едукативните содржини во врска со граѓанското учество ќе ги земе предвид и сите анализи и продукти од акцијата, како и препораки и насоки од страна на проектниот тим, а после секоја работилница ќе подготви извештај.

Работилницата се однесува на сите членови на Локалните совети за превенција, запознавање со законските регулативо, ангажирање на заедницата, соработка со НВО и граѓаните, како и постигнување на поголема видливост и транспарентност.

Заинтересираните кандидати да достават своја биографија на сл. e-mail: info@mediaplus.org.mk , најдоцна до 05ти септември 2020.

Предност при изборот ќе имаат кандидатите кои имаат претходно искуство од областа наведена претходно.

ЗГ Медиа Плус