Медиа плус почнува со серија информативно – едукативни работилници со Локалните совети за превенција

Како дел од активностите на проектот „Здружени сме посигурни и побезбедни“,  со сора ботка со осум општини, со кои има потпишано меморандуми за соработка, ЗГ Медиа плус од Штип, почнува со информативно – едукативни работилници со Локалните совети за превенција.

Првата средба е со штипскиот Локален совет за превенција, која е закажана за во четврток, 08- ми Октомври. Следниот ден ист ваков настан е планиран  во Свети Николе. Во следните три недели, ќе следуваат уште шест средби во шест други општини и тоа: Битола, Струга, Карпош, Гостивар, Гевгелија и Крива Паланка. Покрај членовите на Локалните совети за превенција, поканети се и претставници на граѓанските општини, кои делуваат во споменатите општини.

Работилниците се во функција на поголема видливост на Локалните совети за превенција и зголемена соработка со граѓаните и граѓанскиот сектор, а ќе обработат и теми за законската рамка за делување на телото и надлежностите.

За проектот: „Здружени сме посигурни и побезбедни“ на Здружение на граѓани Медиа плус се спроведува во осум општини: Штип, Свети Николе, Битола, Струга, Карпош, Гостивар, Гевгелија и Крива Паланка и е во функција на засилување на соработката на граѓаните и граѓанските организации со Локалните совети за превенција. Целта е да се придонесе за зголемено граѓанско учество, што ќе има за резултат поуспешно решавање на проблемите на граѓаните.

За програмата: Проектот е поддржан од Цивика мобилитас, програма на Швајцарската агенција за развој и соработка ( СДЦ ), која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС ) и ФЦГ од Шведска.