Г.З ,,Медиа Плус“ организира Јавен настан во рамки на проектот ,,Реагирај на вистинското место“

Во рамките на проектот ,,Реагирај на вистинското место“ Здружението на граѓани ,,Медиа Плус“ во среда (18 декември) со почеток во 13.30 часот организира Јавен настан на кој што ќе бидат презентирани граѓанските приоритети и перцепцијата по прашањата од областите Урбанизам  и Заштита на животната средина, што потоа ќе бидат предадени на увид и реализација на локалната власт – Градоначалникот и Советот на Општината Штип.

Анализата е направена врз основа на резултатите од спроведените онлајн анкетата и фокус групите меѓу граѓаните на Општина Штип.

Главната цел на проектот  ,,Реагирај на вистинското место“ е зголемен ангажман на граѓаните во адресирањето на нивните потреби и потребата на заедницата до локалните институции и локалната власт со цел нивно ангажирање во решавањето. „Медиа плус“потоа преку мониторинг ќе ја следи реализацијата.

,,Медиа плус“ проектот го спроведува со радио Канал 77, а финансиски е поддржан од Фондација отворено општество – Македонија (ФООМ).

Јавниот настан ќе се одржи во Големата сала на општина Штип (хармника врата).