Завршен настан и промоција на мултимедијални видеа во рамки на проектот „Младинска медиумска писменост“

Ученици од четирите средни училишта од Куманово, претставници на невладини организации, образованието и медиумите денеска присуствуваа на завршниот настан од проектот „Младинска медиумска писменост“, кој го реализираа Центарот за ромска заедница Дром и ТВ Плус.

На настанот беа промовирани мултимедијални содржини, односно две видеа за медиумската писменост и критичкото размислување и брошура, во чија изработка учествувале самите ученици.

„Тие посетуваа обука за медумска писменост и беа учесници на работилници каде самите ги осмислија, креираа овие видеа. Ќе говориме за значаењето на медиумската писменост, со цел да го поттикнеме критичкото мислење кај младите, бидејќи сметаме дека тоа не е на завидно ниво на кое што треба да биде, за да во свет во кој се изложени на разни медиумски содржини кои не толку често се точни, туку лажни, постојат многу дезинформации, спинови и слично,  знаат аналитички да пристапат кон нив и да ја евалуираат содржината на самите медиумски содржини и да создадат слика за одредени медиуми на кои можат да им веруваат, да знаат како да ги препознаваат лажните вести, да ја препознаваат целта на креаторот на тие лажни вести-истакна Денис Илијевски“, координатор на проектот.

Проектот „Со критичко мислење до граѓаните со медиумска умешност“ го претстави Горан Лазаров од КрикТинк, а за медиумската писменост во образовниот процес се обрати и Лидија Михајловска, педагог во средното училиште Наце Буѓони.

Проектот „Младинска медиумска писменост“, е во рамки на проектот „Со критичко мислење до граѓаните со медиумска умешност“, кој го спроведува Фондација за интернет и општество Метаморфозис и Евротинк- Центар за европски стратегии. Проектот е финансиран од Европската унија.