Бидете одговорна публика: Со критичко размислување против моќта на дезинформациите (Видео)

Се шират со брзина на светлината, далекусежно оставајќи штетни последици во општеството. Дезинформациите најчесто се поврзани со политичките и економските теми, но и на такви кои навлегуваат во областа на здравството.

Потребно е да се зголеми свеста кај граѓаните за тоа дека треба критички да ги опсервираат информациите до кои доаѓаат, но истовремено тие и не мора да читаат се’ што им се пласира – советуваат медиумските познавачи со кои разговараа тимовите на Здружението Медиа плус и радио Канал 77, кои имаат за цел  темата медиумска писменост да им ја доближат на младите.

Во рамките на кампањата „Медиумски писмен граѓанин – за чест без стрес, најди ја вистинската вест“, Медиа плус и Канал 77 објавија анализа, три аудио спотови, рап песна со видео запис, но и видео во кое медиумските познавачи ги споделуваат своите гледишта во врска со оваа тема.

Како изгледа „пакетот“ од интервјуата на тема медиумска писменост, погледнете во продолжение:

Видеото е достапно и на youtube.

Наскоро ќе биде објавен уште еден видео запис, со цел на суптилен начин да им се помогне на младите критички да размислуваат.

Ваквите активности се дел од проектот КриТинк на фондацијата Метаморфозис и центарот Евротинк.