Се подготвува нова програма за поддршка на Македонија

На средбата меѓу претставниците на граѓанските организации од Источниот регион и консултантката ангажирана од Европската унија, Људмила Минчева беа обелоденети плановите на Европската унија за новата програма, која ќе ги опфати малите и средните организации. На заедничката средба и’ претходеа околу педесетина поединечни состаноци, чија цел е мапирање на граѓанските организации и утврдување на нивните потреби и областите на работење.  Целта на овие  средби со граѓанските организации е да се забележуи улогата со делувањето на организациите, каде се наоѓаат географски и на кои тематски области се фокусирани. На база на овие наоди, Европската унија ќе дизајнира нова програма за поддршка, што потоа ќе ја финансисира. Првичниот предлог е оваа програма да се фокусира регионално и локално, но како што вели консултантката Људмила Минчева, што ќе се дефинира на крај, ќе зависи од подготвените извештаи што ќе ги достават до Унијата.

-И до сега Европската унија има дадено значајна поддршка на граѓанските организации и таа продолжува. Сега ќе има една поголема иницијатива за поддршка на овој сектор, техничка помош со специјален договор за зајкнување на секторот , специјализирана за помали и средни организации, рече Минчева.

Во Македонија официјално постојат околу 5000 граѓански организации, но според проценките, активни се не повеќе од 1600. Освен Минчева, на терен се уште двајца ангажирани консултанти, кои треба да изготват свој извештај, на чија база ќе настане новата програма на ЕУ.

Оценката е дека потребно е освежување и поттик на организациите на Источниот  регион, кои во еден дел работат на интересни идеи, но се без канцеларии и на волонтерска база, а најголем дел зависат од донатори.

Европската унија со новата програма планира да го засили секторот, но, дали помошта ќе биде насочена регионално, како што се првичните планови, ќе зависи од тоа што консултатите ќе најдат на терен.

Средбата во Штип беше логистички поддржана од Ресурсниот центар на ЕУ, проект на МЦМС, Медиа плус од Шгип и АДИ од Гостивар.