Фондација Отворено општество Македонија додели институционална поддршка на Медиа Плус за 2017 година.

Фондација Отворено општество Македонија додели институционална поддршка на Медиа Плус за 2017 година.

ИНФОРМАЦИИ ЗА ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ВО 2017 ГОДИНА

ЦЕЛИ поставени за 2017 година

Главна цел

Граѓанско учество во следење на предизборниот, изборниот и постизборниот процес со фокусирање на изборните програми, ветувања и корелација со претходната отвореност и отчетност на Советот на општината и градоначалникот.

Специфична цел 1 Граѓанско учество во програмите на идната локална власт

Специфична цел 2 Зголемување на вклученоста на локалните новинари и медиуми како watch dog кои ќе го набљудуваат дефинирањето и реализацијата на граѓанските приоритети

Специфична цел 3 Зајакнување на капацитеот на Медиа плус за следење и ангажман во локалната демократија

 

Клучни активности за остварување на целите

Поставување на он лајн анкета

Селектирање на граѓански проблем

Организирање на прв форум

Селектирање на граѓански приоритети

Организирање на јавни дискусии, Истражување, продукција и емитување на новинарска анализа и презентирање на јавна расправа

Организирање на прва јавна дискусија

Истражување, подготовка и Продукција на медиски продукти (истражувачки анализи) и поставување на веб

Организирање на втора јавна дискусија

Организирање на втор постизборен форум он лајн со граѓаните и градоначалникот, советниците и политичките партии учесници во локалните избори

Нотирани заклучоци и предлог решенија

Организирање на заеднички медиски појадок на кој ќе бидат предадени дефинираните граѓански приоритети и препораки за спроведување, следење и информирање

Комуникација, известување за секоја новина од активностите со конкретни анализи и препораки кои ќе произлезат.

Дистрибуција на медиските продукти

Промоција

Обука 1-Финансиски менаџмент

Обука 2- Комуникациски вештини

Обука 3-Користење на медиумите во промоција на активности на ГО

Обука 4-Користење но новите дигитални медиуми за интеракција со ГО

Обука 5-Подготовка на тригодишно стратешко планирање

Обука 6-Организациски развој

Партнери во проектот :

ТРД Радио Канал 77-медиум, национална радиостаница

Македонски Медиа Сервис, www.mms.mk Моја Општина web www.mojaopstina.mk Канал 77 web www.kanal77.mk

Вања Мицевска Лице одговорно за односи со јавност, интернет страница, профили на социјални мрежи и пристап за комуницирање со јавноста

Емаил: promo@mediaplus.org.mk