Општина Кавадарци со богат сајт и долга листа на донатори

Општината Кавадарци има добра пракса на јавно објавување на извештаи за потрошените пари, а при тоа, со смената на власта во 2017 година, продолжува тој континуитет. Дел од овие извештаи се детални, со презентирање на главните ставки. За културно-стопанските манифестации, за кои општината издвојува по над 100.000 евра годишно, во периодот за кој се однесува истражувањето (2016-2019) направена е промена на организаторот, кому му се доверени овие средства по пат на делегирана надлежност.

Во време на претходната власт, која ја предводел Александар Панов од ВМРО ДПМНЕ, организатор е „Темков ФШТ“ од Скопје, додека со доаѓањето на Митко Јанчев од истата партија, надлежноста ја добива маркетинг агенцијата „Иноватива груп“ ДОО од Скопје, која се јавува како носител и на маркетинг активности и наградни игри на брендовите во семејната компанија на градоначалникот Јанчев, „Кожувчанка“. „Иноватува груп“, инаку семејна компанија на поранешната манекенка Сања Николиќ – Маринковиќ и нејзиниот сопруг, пејачот Марко Маринковиќ – Слаткар, е носител на јавна набавка за маркетинг услуги во јуни 2018 година, во износ од 12.846 евра.

За потребите на Општина Кавадарци, „Иноватива груп“ е носител на маркетинг услуги за дизајн, изработка и печатење и концепт, сценарио снимање монтажа и продукција на промотивни видео материјали. Општината нарачала изработка на општинско лого за 25.000 денари, пет брошури за 30.000 денари, два дизајни на благодарници за 4000 денари, пет дизајни на дипломи  за 10.000 денари, пет дизајни на признанија за 10.000 денари, десет дизајни на покани за 15.000 денари, десет дизајни на флаери за 25.000 денари, дизајн на дванаесет броја на информатор за 84.000 денари, а Општината нарачала и три промо видеа од 25 секунди.

Едно видео чини 85.000 денари или  255.000 денари за трите видеа, при што една секунда чини 3.400 денари. Карактеристично е и што доаѓањето на Јанчев за градоначалник, континуирано, од година во година расте поддршката за ФК „Тиквеш“, од еден милион на шест милиони во 2019 година.

Општина Кавадарци има неколкугодишна пракса на субвенционирање на граѓаните за купување на енергетски грејни тела, почнувајќи од горилници за ракија на гас, печки на пелети и инвертор клими, фасади на згради за колективно домување до субвенции за велосипеди.

Извлекувањето е јавно и преку локалните медиуми. Значајни износи се доделувани за лекување на граѓани, додека Општината во неколку наврти има донирано средства за изградба на цркви по населените места. Вредни донации добила и Општината, вклучувајќи ги јавните претпријатија и општинските институции. Вкупно 32 донатори се официјално евидентирани во официјалниото гласило на Општина Кавадарци,  „“Службен гласник““, пријавени и одобрени од Советот. Од тие 32 донатори, 13 компании имаат добиено јавни набавки од Општината, јавните претпријатија и општинските институции.

I ПРЕГЛЕД НА ДОНАЦИИ 2016- 2019

Донатори Општина Кавадарци 2016 – 2019:
1.ДТПУ Кожувчанка – нема јавна набавка
2.Фондација Никола Јанчев – нема јавна набавка
3.ДТПУ ПРО ЕНЕРГО увоз извоз ДОО Битола – 2 јавни набавки за ЈП Комуналец. Вкупна вредност: 24,800 ЕУР
4.ДТПУ Бошава дооел увоз извоз Кавадарци – нема јавна набавка
5.ДТПУ Метал Апостолов ДООЕЛ: Вкупно 17 јавни набавки за Општина, ЈП и општински инстиуциина ЈП Комуналец и општински установи – градинка и училишта. За Општина Кавадарци вкупно 10 набавки, во вредност од: 352,181 ЕУР (главно градежни работи и две набавки на метални шкафови)
6.ТТПЕ Кавадарци од Дрекслмајер Манифактуринг ДООЕЛ Кавадарци – нема јавна набавка
7.Деспина мебел Каварадци – нема јавна набавка
8.ДТПУ БАС ТУТИ ФРУТИ  – нема јавна набавка
9.ДТПУ ЈА-МИ експорт-импорт ДООЕЛ Кавадарци – една јавна набавка за Општина кавадраци за зимско одржување на улици во вредност од 64,852 ЕУР. Склучен 09/01/2017, имало само една понуда.
10.ПЕРКАН ПРОЕКТ увоз-извоз ДООЕЛ Прилеп – нема јавна набавка
11. ИГМ-ТРЕЈД  – нема јавна набавка
12. 24 ИНГ ДООЕЛ увоз-извоз Битола: 3 јавни набавки за изработка на проекти, од кои 2 за Општина Кавадарци и една ЈП Комуналец. Вкупна вредност на јавни набавки за општината: 3,493 ЕУР
13. ЛУПОНДИ ЛОГИСТИК ЕООД од Петрич – нема јавна набавка
14. Друштво за градежништво Дан-пласт ДООЕЛ експорт импорт Кавадарци – нема јавна набавка
15. Пивара Скопје АД Скопје – нема јавна набавка
16. ДТПУ Кав Комерц Петар ДООЕЛ Кавадарци – нема јавна набавка
17. Дан-пласт ДООЕЛ експорт импорт Кавадарци – нема јавна набавка
18. ДТППУ Скопско Груп ДООЕЛ Кавадарци – нема јавна набавка
19. Друштво за управување со пакување и отпад од пакување ПАКОМАК ДОО Кавадарци
20. ДТПУ Гала Гордана и Сашко ДОО Кавадарци – 22 јавни набавки со Општина Кавадарци и општинските институции. За Општина Кавадарци 11,150 ЕУР 04.11.2019.
21. ДТУП ЕКСТРА 03 ДООЕЛ Кавадарци – 25 јавни набавки за превоз, од кои 6 за Општина Кавадарци, останатите за институциите: 3 за Дом на Култура Иван Мазов и 14 набавки за 7 основни и средни училишта14 јавни набавки за преовз на ученици: сите во 2016  Вкупна вредност: 50.478 ЕУР  (73 јавни набавки за општинските институции – главно основни и средни училишта)
22. ДТТУ АНЕЛ-МАК 97 ДООЕЛ експорт- импорт Кавадарци – нема јавна набавка
23. ДТПУ ЦРНА РЕКА ПЕТРОЛ ДООЕЛ Кавадарци   : 3 јавни набавки во гориво – 1 СОУ Гимназија „Добри Даскалов“ – Кавадарци и две Општина Кавадарци 40.292 ЕУР.
24. ДГТ ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци  вкупно 57 јавни набавки, ЈП Комуналец, ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ – Кавадарци, Општина Кавадарци 46 јавни набавки: 180.380 ЕУР
25. ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ Кавадарци Вкупно 18 јавни набавки за Општина Кавадарци, општинските институции .12 за Општина во вкупна вредност од : 270.296 ЕУР
26. ДУТП ВЕЛКОМ ТРЕЈД ДООЕЛ Скопје 3,252 – една јавна набавка – сервисирање на товарни возила/ 13 за ЈП Комуналец.
27. ДТПУ Коле Транс инженеринг увоз-извоз дооел Штип    Вкупно 6 јавни набавки , 5 за општината и една за ЈП Вкупна вредност 113,850 ЕУР
28. Конти Хидропласт Дооел Гевгелија  28,893 ЕУР – само една во 2019
29. КОДИНГ-ГОРСКА Скопје – нема јавна набавка
30. Винарска визба Тиквеш експорт-импорт ад Скопје – нема јавна набавка
31. Ецотип Андреевски Илија –нема јавна набавка
32. Трасер Станоја ДООЕЛ 2016 и 2017 – две јавни набавки во 2016 и 2017 од ЈП Комуналец. Вкупна вредност: 148,071 ЕУР

Евидентирани се вкупно 32 донтори за перидот од 2016 – 2019 година, од кои 13 правни субјекти, добиле работа преку јавни набавки за Општина Кавадарци или општинските институции и јавни претпртијатија.

Топ три компании – донатори на Општина Кавадарци со највредни јавни набавки се:

1.ДТПУ Метал Апостолов ДООЕЛ: Вкупно 17 јавни набавки за Општина, ЈП и општински институциина ЈП Комуналец и општински установи – градинка и училишта. За Општина Кавадарци вкупно 10 набавки, во вредност од: 352,181 ЕУР (главно градежни работи и две набавки на метални шкафови)

2.ПАВЕР ТРЕЈД ДООЕЛ Кавадарци Вкупно 18 јавни набавки за Општина Кавадарци, општинските инситтуции . 12 за Општина во вкупна вредност од: 270.296 ЕУР

3.ДГТ ГРАДБА ПРОМЕТ ДОО Кавадарци  вкупно 57 јавни набавки, ЈП Комуналец, ОМБУ „Лазо Мицев Рале“ – Кавадарци. Само  Општина Кавадарци има 46 јавни набавки во вредност од 180.380 ЕУР.

Во листата на донатори е и компанијата ИГМ Трејд, за кого Советот на Општината Кавадарци се изјаснил негативно за отворањето на нова линија. Семејната фирма на градоначалникот Митко Јанчев, „Кожувчанка“ донирала осум пати во 2018 и 2019 година различни материјални добра: две специјални возила за чистење на патишта, компјутери, електрични кабли, столпчиња за тротоари и улици, реконструкција на фонтани и проект за санирање на свлечиште во селото Мрежичко, каде е погонот на компанијата.

Евидентираните донатори, донирале противпожарни возила, градежни материјали, асвалтирање на улици, реквизити за јавни површини, градежни проекти, прочистувачи на воздух и друго.

Во извештајот од независниот ревизор има забелешка во однос на регистрирање на донациите во Јавното претпријатието „Комуналец“:

„Претпријатието добива донации (грантови) во вид на основни средства и парични средства. Сметководствениот третман на овие средства е во согласност со МСС 20- Сметководство за државни поддршки и обелоденување на државна помош, со примена на приходниот пристап. За приходниот пристап е основно дека државните поддршки треба да бидат признати во добивката или загубата на систематска основа во периоди во кои се признаваат како расход поврзаните трошоци кои поддршките треба да ги надоместат. Државните поддршки во форма на залихи или парични средства се признаваат како приход во периодот односно во Извештајот за сеопфатна добивка.

Во 2005 година била примена донација од Светска Банка за изградба на МХЕЦ.Оваа донација била евидентирана со примена на капитален пристап, но тековната амортизација била погрешно евидентирана преку Билансот на сеопфатна добивка. Во 2018 година оваа донација е рекласифицирана во обврска за одложен приход од донирани средства, односно започната е примена на приходниот пристап согласно МСС 20-Сметководство за државни поддршки и обелоденување на државна помош“, стои во извештајот од надворешната ревизија направена д .ТП„ Ревизија Чулева“од Скопје.

Од друга страна, како вид на донација може да се смета и практиката на градоначалникот Митко јанчев, кој својата плата ја внесува во Фондацијата „Никола Јанчев“, во спомен на неговиот татко, од која се доделуваат стипендии на ученици и студенти. Директор на оваа Фондација е сестрата на градоначалникот Јанчев, Јанинка Чупаркоска. Според општинскиот информатор, во текот на 2019 година доделени 36 стипендии во Кожувчанка. Доделени по 12 стипендии, по 6000 денари за учениците од основно образование, по 12.000 денари за средношколците и 32.000 денари за студенти.

II ДОДЕЛУВАЊЕ НА СРЕДСТВА ОД БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Доделувањето на средства од општинскиот Буџет, Општина Кавадарци го има регулирано врз основа на неколку правилници, а во 2018 година со правилници го регулира интерното трошење на средства за репрезентација, користењето на сопствени возила во службени цели, картичка за гориво и сл.

1.Правилник за начин и постапка за делегирање на надлежности од Општината Кавадарци за организирање и реализирање на културни манифестации на правно лице.

Се бара детален опис на активности, носители и рокови за реализација, програма за начин и постапка на делегирање на надлеќност.

Финансиски страна на активностите со име и презиме и матичен број на лица ангажирани во реалзиација на делегираната надлежност, ниво на квалификации, стручност и проифесионално искуство. Име и презиме и контакт телефон на одговорното лице за реалзиација на активностите. Петчлена комисија ги разгледува пријавите по распишаниот конкурс.

Се донесува решение за доделување надлежност во областа на културата, а вршителот на работите е должен извештајот да се достави 30 дена по настанот.

2.Правилници за користење на субвенции (за велосипед, за енергетско ефикасни тела, за фасади на колективни згради). Доделувањето на субвенциите е преку јавен повик, комисија, потребни документи и известувања до јавност.

Во огласи и соопштенија објавени имињата на граѓани добитници на субвенции за енергетска ефикасност – грејни тела преку јавно извлекување.

Интерни правилници објавени во „Службен гласник“:

1.Правилник за користење на сопствено возило за службени цели со иглед на налог

2.Правилник за користење на средства за репрезентација :

Репрезентација може да користат:

-членови на Совет во вкупен износ од 360.000 денаир годишно за сите членови

-раководители на сектор – вкупен износ 100.000 со образец за  користење/овластување на средства за репрезентација.

3.Правилник за користење на Верна картички за безготовинско плаќање на нафтени деривати и стоки со формиулар

4.Направена е измена на Правилникот за репрезентација, со која  сите опфатени со овој Правилник, можат да користат до 600.000 денари наместо 300.000 и 360.000 денари.

 

2016 – 2017 година

 

Во Програмата за развој за 2016 година предвидени се 930.000 денари за проекти за граѓански организации и  тоа за обуки, каталози на НВО, вмрежување. Распределба на средства за проекти на НВО е врз основа на повик распишан во октомври 2015. 33 организации добија 930.000 денари за проекти во висина од 5.000 до 55.000 денари. Општината нема посебна методологија, туку средствата се доделени врз основа на документ донесен на државно ниво, преку Кодекс за добри практики за финансирање на здруженија и граѓански фондации (Службен весник на РМ бр. 130/2007). Износ од близу милион денари се распределува секоја година за проекти на граѓанските организации.

Програма култура изнесува шест милиони денари, каде е вклучена и културно – стопанската манифестација  Тиквешки гроздобер, која преку делегирана надлежност ја организира агецијата Темов ФШТ – Скопје. На оваа агенција и’ е доверена организацијата уште на манифестациите „Свети Трифун“ – празник на лозарите, „Гурмански викенд“, „Баскерфест“, „Бели ноќи“, како и Дочек на Нова Година.

Во извештајот за 2016 година на оваа агенција усвоен од Советот на општината стои дека за манифестацијата  „Тиквешки гроздобер“ се потрошени вкупно 1.300.000 денари, за манифестација „Гурмански викенд“ – 300.000 денари, додека организирање на Нова Година се потрошени 622.000 денари, од кои 372.000 хонорари на музичари. Извештаите се детални, со приказ на сите ставки.  За манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ извештајот се однесува на потрошени вкупно 5.631.517 денари. Општината покрива четири милиони денари, додека останатото од спонзори од општествено одговорни компании од градот и винарски визби и угостители. Од тоа 3.674.717 денари се хонорар за пејачи, со точно прикажани ставки  за изведувачи.

Од Програмата за спорт и млади, едем милион денари е за ФК „Тиквеш“за развој и унапредување на спортот. Во одлуката нема одредба дека треба да биде поднесен извештај.

Како што изминуваат годините, тој износ се зголемува, за во 2019 година да бидат доделени 6,7 милиони  денари за овој клуб. Кон крајот на 2016 година на ФК „Тиквеш“ му се доделени дополнителни 150.000 денари за гостување во Турција. Од Буџетот на Општината, на Македонската кошаркарска федерација од Буџетот на Општина Кавадарци се доделени  994.100 денари, со намена за ко-организација на Квалификации за Европско првенство во кошарка за Сениорската машка репрезентација 2016.

Општината усвоила и програма Комуникација со јавноста, која предвидува печатење на Кавадаречки весник, за што се одобрени средства од 3,5 милиони денари.

Во текот на 2016 година, Општината оделувала средства од Буџетот за субвенции на граѓаните, за изградба на црква, набавка на инвалидски колички, а отпишувала и долгови на граѓаните во социјален ризик.Редовно, секоја година, се издвојуваат средства за здравствена заштита во две населени места, кои се уплаќаат на сметка на приватна здравствена установа. Одлуката се однесува на општински субвенции за ПЗУ „Виталиа Медикус“ по 180.000 денари за здравствена заштита во рурални средини, за селата Возарци  и Сопот. За потребите на ЈЗУ Општа болница – Кавадарци е набавен ЦТГ апарат.

Поединечни трансфери:

-По одлука за набавка на основни средства – електрични колички за лица со посебни потреби, набавени се три колички по 220.000 ден од ставка Други трансфери.

-300.000 денари за обнова на под во Ученички дом

– Одлука за одложено плаќање на сметка за вода и комуналии на социјално загрозени врз основа на товар на ЈП Комуналец, врз основа  на Решение за остварување на социјална помош од Центарот за социјални работи. Во одлука стои дека надзорот за сприоведување на одлуката е Комисија за финансирање и буџет. Донесена е одлука за отпис на побарувања – главен долг на Одборот на Фондација за поддршка на мали бизниси. Општината со одлука на Советот, донирала средства на синдикална организација на ЈП Комуналец.

-400.000 денари за СамВел компани за покривање на трошоци за бесплатен превоз.

-Доделени се средства за црквата Архангел Михаил од село Ваташа во износ од 200.000 денари за фрескосување на олтар, додека на црква Свети Димитрија во населбата Глишиќ и’ се доделени 150.000 ден за изградба потпорен ѕид. Два милиони денари се издвоени за црква Свети Ѓорги за партерно уредување.

-За превоз на ученици се одвоени 700.000 денари.

Општината одвоила средства заснимање филм – 30.000 ден на Љубомир Ошавковски; наЗдружение “Меѓународен Фестивал на детски и младински хорови” – 50.000 денари; Фолклорен ансамбл “Тиквеш”  за патување 150.000 денари;ЈОУ Дом на култура – за џез фестивал  150.000 денари; Здружение „Аквила“ – 30.000 ден за заштита на дивата флора и фауна .

Субвенции

Усвоен е проект за субвенционирање на мерки за топлинска ефикасност – Општина Кавадарци планира во 2018 година објави повик за субвенционирање на грејни тела, како воведување на мерки за заштеда на топлинска енергија при купување на грејни тела со голема енергетска ефикасност. Општина Кавадарци за овој проект издвои средства во висина од три милиони денари од Буџет на Општината, за што по двата повика што следеа, се доделија вклупно 196субвенции за грејни тела.

Општината спроведува уште еден проект за субвенционирање на граѓаните – за купување на велосипед.

„Општина Кавадарци со цел да ги стимулира граѓаните за користење на велосипеди, и да се даде поголем придонес во зачувување на животната средина и физичкото здравје на граѓаните ќе им обезбеди поврат на дел од потрошените средства, за набавка на велосипед.  Општина Кавадарци за овој проект издвои средства во висина од 200.000 од Буџет на општината за 2018 годиназа што се доделија вклупно 58 субвенции за купување на велосипеди“, стои во одлуката.

Усвојување заклучок за организирање на Нова Година – ЗГ Пиволенг 250.000 денари, со потставки80.000 денари хонорар за артисти.

Програма за култура за 2018 ги дефинира манифестациите што ќе ги поддржи, но нема определено износ. Во неа спаѓаат манифестациите „Тиквешки гроздобер“, „Свети Трифун“ и Прогрмата за Нова Година.

Со повеќе одлуки се издвојуваат средства за граѓаните. Одлука за надоместување на трошоци на граѓаните за набавка на горилник на плин за печење на ракија по 5.000 -10.000 денари од општинскиот Буџетот. Социјално загрозени семејства се ослободени од плаќање на сметки за вода и комуналии, а направен е отпис на застарени долгови за фирмарина, комунални надоместоци, закупнина – вкупно 40 милиони денари. Ослободени од плаќање комунална такса за фирмарина се младите до 30 години, кои основаат фирма.

Донесена е одлука за доделување на средства за проекти на НВО. Близу еден милион денари се доделени 36 организаци. И во оваа одлука не стои одредба за обрска за извештај. 30.000 денари се доделени на пејачката Наташа Малинкова за видео спорт. 220.000 денари за набавка на три електрични колички за лица со посебни потреби.

Во Завршна сметка за 2016 година, стои износ од 5.926.813 денари за трансфери до НВО, од кои 3.800.855 денари преку Програмата за спорт. Во 2017 година според третиот квартален извештај рансфери за НВО се издвоени 11 милиони денари, од кои за спорт и рекрација 7.700.000 денари, а за времени вработувања 5,5 милиони. Тој износ расте со годините.

Привремени вработувања:

2016 2017 2018 2019
5,5 милиони 20.068.599 ден 2.699.750 ден. 10.930.000 ден.

Во усвоените извештаите за манифестациите од Програмата за култура за 2017 година за “Тиквешки гроздобер“ од Темов ФШТ – Скопје, потрошени се вкупно 5.738.150, од кои четири милиони од Општината. Презентиран е детален извештај, од кој се гледа дека најмногу пари се потрошени за изведувачи  – 3.550.150 денари. За прослава на Нова Година во 2017-та, се определени 803.527 денари за Дом на култура.

Усвојување на општински програми:

Програма за развој за 2018 година меѓудругото  предвидува:

-200.000 денари за нова интернет страна на општината

Програма НВО – 4.059.000 денари, кои се донаторски средства од УНДП, од проектот РеЛоад.

Програмата за култура 2018,  не определува колку средства, туку само манифестации што ќе ги поддржи.

Во Програмата за здравство предвидени по 180.000 за здравствена заштита во рурални средини за Сопот и Возарци, како и 600.000 за Здравствен дом или вкупно 860.000 денари.

Програма за социјална заштита  е 4 милиони денари.

Помош на поединци од областа на културата од 1 милион денари.

Помош за новородени деца со програма во износ од 2,4 милиони денари.

Програма за комуникација –  3.482.000 денари, која предвидува  издавање на Кав‘даречки весник 23 броја годишно(единечен тираж 2000 бр.) за износ од 425.000; Постапка за ТВ, Радио  (Информирање на електронски медиуми) 1.550.000 денари; Маркетинг  услуги (дизајн, брендинг, реклами, дизајн ВЕБ дизајн промотивни видео материјали) 800.000; Списание „Лице в лице“   12.000; Брошура Боите на Тиквешијата – 80.000; Огласи и Соопштенија во државни печатени медиуми 200.000; Туристичка карта на Кавадарци  – 80.000; Плакети, пехари, признанија, медали, и друг вид на обележја – 150.000; Пригодна хартиена и картонска амбалажа 20.000 Летоци и брошури (отчет) – 50.000;  Новогодишни честитки 15.000; Рекламирање на Интернет портали   100.000 денари; или вкупно: 3.482.000 денари.

Општината финнсирање и филмови, при што се доделени 60.000 денари на регионалната ТВ Дооел Кавадарци РТК, за филмски проект со вицови: „Лакрдиите на Паја“.

 

2018 – 2019 година:

Во овој педиод со промената на локалната власт и доаѓањето на градоначалникот Митко Јанчев, се зголемува износот на средствата за спорт,при што најмногу пари одат за ФК „Тиквеш“,  а избран и нов организатор на културните манифестации. Со одлука на Советот, а по распишаниот јавен повик, Друштвото за маркетинг услуги „Иноватива груп“ ДОО – Скопје, добива делегирана надлежност преку која станува организатор на културните манифесции на Општина Кавадарци. Во почеток тоа се три манифестации, додека со одлуката од 2019 година, тој број се зголемува, за што на компанијата на Сања Николиќ – Маринковиќ и нејзиниот сопруг Марко Маринковиќ – Слаткар, им е доверена реализацијата манифестациите за кои се одвоени 6,6 милиони денари, што е повеќе од половината  од Програма за култура во износ од 10 милиони денари. Во јули 2019 со одлука на Советот се дополнува Програмата за култура за 2019 година со Кавадарци стрит фестивал, во организација на „Иноватива груп“. Средствата се обезбедени од Дрекслемајер, во рамки на Културното лето, каде се одржани уште три настани.

Извештаите што ги усвојува Советот на Општината Кавадарци, варираат од детални до немање на финансиски извештај во прилог на одлуката за усвојување.

За организација на манифестацијата „Свети Трифун 2018“ од  „Иноватива груп“, се потрошени вкупно 1.7777.845 денари. При усвојување на извештајот за реализација на Тиквешки гроздобер 2018 годна, нема извештај со финасиски показатели.За програма „Свети Трифун 2019“, планирани еден милион, но поради тоа што беше прогласен ден на жалост, се потрошени 385.342 денари за ппретходна организација. Во финансискиот извештај за манифестацијата која не се одржа, е набележано дека „Маринковиќ Ма“ ДООЕЛ од Скопје за декорација за прием кај градоначалникот наплатила 211 евра за украсување. За организација на три дена се потрошени 22.000 денари, додека за дизајн на материјал 18.000 денари.

Советот донесува одлука, со која се зголемува учеството на општината во манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ од 4 милиони на 5,5 милиони денари, при што 500.000 денари се земаат од Програмата за култура, еден милион од Програмата за развој на спортот.

Детална е програмата за Нова Година за дочек на 2019 година на „Иноватива груп“.

Предвидени се вкупно 1.955.108 денари, од кои за новогодишна расвета 1,5 милиони денари, останатото за два бенда и 300.000 денари за организаторите од „Иноватива груп“.

Програма за култура 2019 е планирана со износ од 10 милиони, од кои 6.600.000 за три манифестации (Културно лето, Свети Трифун, Тиквешки гроздобер), кои се со делегирана надлежност на „Иноватива груп“.

Програмата „Свети Трифун“, организатор „Иноватва груп“ со буџет од 1.531.571 денари, од кои еден милион од Општината Кавадарци, останатото се донации. Од тие средства, за организација е предвиден надоместок  20% или 216.324, денари, 100.000 денари за  Либеро бенд и  200.000  денари за Љубојна.

Програма „Кавадарци прославува“ за Нова Година 2019 на „Иноватива груп“, се потрошени  вкупно 300.000 денари. Од тоа се одвоени седства за фото и видео- 17.778 денари, за логистика 6667 денари, за организација 38.900 денари  и трошоци за „Иноватива груп“  10.035 денари.

 

Програма за спорт 2018:

Спорт и рекреација: Вкупно: 7.665.585

-5 милиони за ФК Тиквеш   (порано еден милион).

-500.000 денари на женски кошаркарски клуб Тиквеш

Со измена на Прогрмата за спорт се доделуваат 1,7 милиони  за ФК Тиквеш за развој на младите категории на фудбал. Со ребаланс на Буџетот за 2018 година, за трансфери до спортски кубови одвоени 10.850.000 денари, додека за трансфери до НВО 1.178.000 денари.

Со Буџет 2019 за  Програма за развој на спорт се планирани 12 милиони денари. Со ребаланс на Буџетот, Програмата се зголемува на 15 милиони денари, од кои дополнителни три милиони денари се исплатуваат на ФК „Тиквеш“.

Во усвојувањето на извештајот за програмата за малди и спорт е внесена одредба: „Се задолжуваат спортските клубови да достават комплетна финансиска докумантација за потрошените средства(фактури, фискални сметки и слично) во спротивно нема да биде извршена било каква исплата на средства по Програмата за активностите на Општина Кавадарци во областа на спорт и млади во 2018 година“ .

Програми во 2019 година:

 

Програма култура и творештво во висина од 10 милиони денари; Програма за развој  со планирани 8.433.500 денари; Програма НВО од еден милион денари.За кофинансирање на проектот Винска куќа на Вардарски плански  регион одвоени три милиони; Програма за социјална заштита, вредност 4,7 милиони  денари.

Донесена е програма за активности на Општината Кавадарци во промоција на комунукација со јавноста, што се реализара преку: огласување , закуп на медиумски простор за промоција на активнсоти поради подобрување на рејтингот и транспарентност, маркетингшки услуги, издавање на 12 броја од Кавдречки информатор, во висина од 425.000 денари и тираж од 500 бесплатни примероци по број. За огласување вкупно еден милион, закуп на простор – 1.220.000 денари и маркетинг услуги 800.000 денари, или вкупно за целата програма 3.963.000 денари.

 

Субвенционирање на граѓаните

 

Субвенции за грејни тела за грашаните преку јавен повик, во висина до 15.000 денари поединечни субвенции, според Програмата во висина  од три милиониденари.  Преку јавен оглас доделени се субвенции на граѓаните за набавка на велоспипеди – до 50% од вредносно, не повеќе од 5000 денари или вкупно 200.000 денари. Со одлука на Советот продолжува поддршката на социјално загрозените семејства преку плаќање комуналните сметки. Исплатени се 500.000 денари на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Мито Хаџивасилев Јасмин“ за покривање на трошоци за електрична енергија на лизгалиште на мраз за остварување на бесплатни рекеративни спорски активности на учениците. Општината со одлука  субвенционира енергетско ефикасни тела  – до 50%, максимум до 15.000 денари за домаќинство од општински фонд од еден милион денари. Одлуката е според донесениот правилник.

Продолжува поддршката за  ЗГ „Мобилност“, со нававка на три инвалидски колички како донација во вкупна вредност од 570.000 денари.

Жителите на две села добиваат субвенционирана здравствена заштита преку финансирањето на на ПЗУ Виталија медикус, во висина од  360.000 денари. Во одлуката нема обврска за поднесување на финансиски извештај.

Останати показатели:

Од останатите покарактеристични показатели од анализа на финанските извештаи е постојаното зголемување на субвенции и трансфери, кои со завршната сметка се зголемени на 41 милион денари.

Трансфер до НВО:

2017 2018
9.616.486 ден. 11.798.921 ден.

Разни трансфери 34 милиони (2018) 20.404.106 (2017)

Плати 49.606.536 ден.(2018)      41.203.907 ден.  (2017)

Од Владата на РСМ се одобрени 6.950.166 денари  за финансирање на пријавени доспеани, а неплатени обврски. Со одлука на Советот, сите пари се наменуваат за ЈП Комуналец, кој има обврски од 9.346.116 денари.

III ИНФОРМАЦИИ ЗА СОДРЖИНАТА НА САЈТОТ НА ОПШТИНА КАВАДАРЦИ

Овие документи и информации од интерес можат да се најдат на интернет страницата на Општината Кавадарци -kavadarci.gov.mk  :

Во менито – Локална самоуправа – Отворени податоци – Буџет на Општината се наогаат

  • Буџет на општината -2016, 2017, 2018 и 2019 г.
  • Ребаланс на буџетот -2018 и 2019 г.
  • Завршна сметка на буџет -2016, 2017, 2018 г.
  • Годишен извештај на буџет -2017 и 2018 г.
  • Квартални извештаи -2017, 2018 и 2019 г.

Во менито – Набавки се наогаат

  • Годишен план за јавни набавки – 2017, 2018 и 2019 г.
  • Известувања за спроведени постапки од јавни набавки – 2018 и 2019 г.
  • Огласи за постапки за спроведување на јавни набавки – 2018 и 2019 г (линк до огласи, документација, договори, но некаде недостасува дел).

Во менито – Актуелни информации – Невладини организации

  • Одлука за распределба на финансиски средства НВО- 2016 и 2017 г.

Во менито – Локална самоуправа – Отворени податоци – Програми на општината

  • Програми на општината – 2018 г (предлог програми).

Во менито – Проекти

  • Проекти – 2018 и 2019 г (изградба на објекти, асфалтирање улици, паркинзи, проекти финансирани од ЕУ итн (само објавено, објаснето без финансиски извештаи).

Во менито – Прес -Огласи и соопштенија

  • Огласи и соопштенија – 2016, 2017, 2018, 2019 (огласи, конкурси, јавни повици, проекти ,дебати, соопштенија и сл. од 2014 до денес, некои од постари неможат да се отворат).

Во менито –Прес – Кав’даречки информатор

  • Кав’даречки информатор – од Мај 2018 до Ноември 2019 г. (сите тековни активности, проекти, улици, канализации, итн. информации од интерес за граѓаните).

Донации

  • оваа категорија информации не може да се најде преку мени, туку преку пребарување, известувања за донации има и во мени Актуелниинформации и во Настани (донации има радио станици, возила, чешми,ЦТГ апарат итн).

Сајтот редовно се ажурира и дополнува со тековни информации, актуелни настани и сл. Позитивно да се истакне е и тоа што преку менито Набавки – Огласи за направените јавни набавки на Општината може да се влезе со линк во Бирото за јавни набавки да се видат огласите, документите и останати информации. Дел што недостига се објава на сајтот на Програмите на Општината, (ги има во Службените гласници, но така се тешко достапни за наогање) и распределбата на финансиите во НВО секторот.

Јавна достапност на документи издадени од Општина Кавадарци

  1. Предлог Буџет

2016     има    нема
2017     има    нема
2018     има    нема
2019     има    нема

2. Буџет на Општина Кавадарци

2016 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2017 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2018 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2019 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

3. Квартални извештаи на Буџет

2016 има колку?   нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2017 има  колку?  1 (цела година), нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2018 има колку?  1 (цела година), нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

2019 има колку? 1 (цела година), нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел за буџет
во рубрика од мени
во Службен гласник

4. Извештаи на јавни претпријатија и институции

2016 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

2017 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

2018 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

2019 има нема
Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

5. Правилници и методологии за доделување на средства

Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

6. Договори со донатори Има нема

на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

7. Решенија за примени донации Има нема

на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник

8. Јавни набавки, план и извештаи од реализирани јавни набавки

Во мени
на насловна на интернет страницата
во посебен дел
во рубрика од мени
во Службен гласник