(видео) Реката Брегалница преплавена со целиот отпад од Истокот

Водата од реката Брегалница со денцении е единствениот извор од кој пијат жителите на Штип. Овие води додека да дојдат до бунарите за водоснабдување, по коритото долго 225 километри со себе ја носат отпадната вода од неколку десетици фарми, индустриски капацитети, но и составот на канализизациите на сите 11 општини по течението на реката.

За да ви прикажеме што се’ влегува во Брегалница, тргнавме по текот на реката. Поминавме поприлична километража од Берово до Штип, следејќи дел од водотекот на реката Брегалница. Попатно наидовме на многу убави слики од природата на овој источен регион, но сепак, доминираа грдите слики како сведоци за човековото уништување на истатата таа убава природа.

При тоа, на крај од овој пат констатиравме со сета иронија, „одлично“ сме се потрудиле во тоа. Особено немилосрдни сме кон реката Брегалница, од која, со децении штипјани пијат вода, а како што е најавено од ЈП Исар, бунарската вода ќе остане во штипските чешми и понатаму. Разговаравме со луѓето од индустријата, земјоделството, екологитите, рибарите, инспекторите, професорите, обичните граѓани.

Некои Брегалница ја нарекоа источна убавица нагрдена со пластика и мебел, други извор на живот, а некои отидоа во крајност и рекоа дека Брегалница е канализација на Источна Македонија. Сето ова го документиравме видеото, а со помош на нашиот донатор, Фондацијата Отворено општество – Македонија, и пред целата македонска јавност.