(видео и фото)Mрсни дамки по текот на Брегалница во Штип

Широки мрсни дамки можеа да се забележат денеска попладне по речиси целата површина на реката Брегалница пред населбата 8 Ноември. Видеата и фотографиите го документираат настанот. Тоа е истиот тек од реката, каде се концентрирани каналите од индустриските објекти, кој постојано се загадува.

Граѓаните, кои ни ги испратија материјалите, сведочат дека забележале како одеднаш водата во реката се смени. Нема информација од каде доаѓа истекувањето.