Кога мислиш дека се знаеш, па по обуките дознаваш колку не знаеш (видео)

„Кога мислиш дека се знаеш, па по обуките дознаваш колку не знаеш“

Ова е еден од коментарите што го слушнавме од средношколците на работилниците за сајбер безбедност, дезинформаци и заштита на личните податоци. Вкупно 515 средношколци од шест средни училишта во Штип и Кочани и во Американското катче во Штип опфатија 10 работилници на професорот Методи Хаџи Јанев (сајбер безбедност), Елена Стојановска (заштита на личните податоци)  и новинарскиот тим (дезинформации и лажни вести).

Во време кога интернетот станува отворено поле за измамници, хејтери и демначи, младите не смеат да бидат неинформирани или неедуцирани за темата сајбер безбедност. Уште повеќе, што веќе има примери кога некои млади наседнале на сајбер измами или станале жртви поради лесно стекната доверба на непознати во тој виртуелен свет.

Им благодариме на учениците, директорите и професорите од:

СОУ „Славчо Стојменски“ – Штип

СОУ „Јане Сандански“ – Штип

СОУ „Коле Нехтенин“ – Штип

ПСУ „САБА“ – Штип

ДСУ „Искра“ – Штип

СОУ „Љупчо Сантов“ – Кочани и на American Corner – Shtip за поддршката, каде ова ни е трето дружење.