Извештај за 2020 година

ГОДИШЕН НАРАТИВЕН И ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ ЗА 2020

Информација за организацијата:

 здружение на ГРАЃАНИ „МЕДИА ПЛУС“ –ШТИП

Основано на 29.12.2006 год.

Адреса : ул.25 мај бр. 18 во Штип

Тел/факс : 032/397 707 лок.208

e-mail: info@mediaplus.org.mk

URL:www.mediaplus.org.mk

 

 

Мисија:

Медиа плус е здружение кое истражува, анализира и иницира, со што влијае врз демократијата и медиумската заедница.

Наша цел е зајакнување на граѓанското општество и преку медиумската заедница да се влијае на општествените текови и општествена одговорност. Ние ги насочуваме  медиумите да ја извршуваат својата јавна функција, независно од нивната сопственост. Ние организираме промотивни настани и активности, ги доближуваме граѓаните до медиумскиот свет, постигнуваме интерактивност и комуникација на сите делови во општеството.

Сметаме дека иднината на демократското општество во Македонија е во заеднички дијалог со сите фактори во општествениот живот. Работиме на промена на свеста на граѓаните  за нивно влијание со цел подобар општествен живот на локално, регионално и национално ниво.

МЕДИА ПЛУС  во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.

 

  1. Програмски активности , задачи и цели

1.Истражување

  • Посредување и организирање на истражување за влијанието на медиумите
  • Анализа на содржините
  • Промовирање на истражувачки резултати преку веб
  • Запознавање на јавноста со новите медиумски содржини
  1. Организирање на јавни настани
  • Дебати, јавни расправи, форуми, дискусии
  • Дебатен клуб
  • Промоции на аудио и видео изданија
  • Промоција на книги и брошури

3.Обуки

  • Организирање на тренинзи и семинари
  • Обука на невладиниот сектор за ПР активности
  • Посредување во организирање на курсеви за апликации,компјутери и јазици

4.Продукција на програма од јавен интерес

    • Радио
    • ТВ
    • Печатени медиуми
    • Интернет изданија

Главната активност на Медиа Плус е работа на проекти, преку кои ги остварува своите цели и одржливост.

Формата на застапување и лобирање во име на своите конституенти е преку учество во неколку работни групи за донесување и измени на законски решенија, дебати, јавни расправи, фокус групи и конференции.

 

Реализирани проекти во 2020

Без врска не е секогаш #безврска

01.07.2019-31.01.2020

Трошењата, јавните набавки процедурите и отчетноста во општините Кавадарци и Штип се предмет на активностите на новиот проект на Медиа Плус: „Без врска не е секогаш #безврска“.

Преку овој проект ги анализираме и набљудуваме буџетските трошења на Општина Штип и Општина Кавадарци , со цел да се влијае врз степенот на транспарентност и отчетност на институциите, како и поттикнување на граѓанскиот активизам.

Дополнително, преку анализа на трошењата, да се прикажат практиките на работа со граѓаните, институционалните процедури и недостаток на процедури како и (не)примената на методологија. Тоа пак индиректно ја илустрира и изложеноста на директна или индиректна корупција на општинската администрација.

Предмет на анализа е доделувањето на средства за проекти, од распишување на повиците, одлучувањето, методологијата,како и сите останати процедури до известувањето и прифаќањето во Советот на Општините.

Исто така, предмет на интерес е начинот на прибирање на донации во општинските буџети, кои најчесто не се евидентираат, ниту поминуваат формално низ документацијата. Меѓутоа, проблемот е што донациите стигнуваат од компании, кои главно добиваат работи од општината преку јавни набавки.

Наодите на јавноста ќе и’ бидат презентирани преку две анализи, четири истражувачки стории за радио и интернет, следени со иконографици и визуелизации, а едно издание на емисијата „Стадион“ на партнерот – националното радио „Канал 77“, ќе биде посветена на темите што ги обработува проектот  „Без врска не е секогаш #безврска“. Сите активности ќе ги следи и публикација.

Проектот е поддржан од Транспарентност – Македонија и НВО Инвоцентар од програмата Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција преку фонд на Европската унија.

Важните локални теми ги донесуваме на централно ниво

 

„Подарок под рака„

01.12.2019-31.06.2020

Донациите и спонзорствата во фокус на проектот „Подарок под рака“

чија цел е преку истражување на практиките на донирање, спонзорирање  и соработка на компаниите со општините, јавно да укажеме на можни коруптивни делувања, со што делуваме во сузбивањето на корупцијата преку зголемување на свеста кај граѓаните. При тоа, истражувачкото новинарство е една од алатките за постигнување на целта.

„Медиа плус“ работи на истражување и анализа на ваквите практики кај 11 општини и потоа врз основа на добоиените податоци и сознанија селектира три општини. Од податоците, интервјуата на терен, информациите и сознанијата, се подготвуваат и три новинарски стории, јавно објавени. Создавање на дата база што ќе произезе од истражувањето, е во функција на сите идни истражувачки приказни и истражувачки новинари.

Проектот е поддржан од Европската унија, како регрантирање на проектот „Заедно во борба против корупција” на организациите Скуп, Институт за човекови права и Медиум.

 

„Кажи за другите да знаат„

01.05.2020-28.02.2021

„Кажи за другите да знаат“ во унапредување на комуникацијата општината со граѓаните

Начинот на комуницирање на граѓаните со локалната власт и институции во Штип и обратно, е мотивот за покренување на редица активности на тимот на Медиа плус, кој настојува да се надмине тој едностран канал, каде граѓаните главно се тие кои слушаат и применуваат.

Поради тоа, двострано делуваmе во надминување на овие ноедостатоци, чие решавање може да го унареди квалитетот на животот на заедницата.

Првиот аспект е анагажирање на ресурси и експертиза во утврдување на начините на техничко унапредување на комуникацијата на локалната власт со граѓаните. За таа цел планираме подготвка на анализа со препораки, базирана на преглед на актуелниот сајт на општината, интервјуа за потребите на граѓаните со луѓео од заедницата и ГО, како и анализа на позитивна пракса и начините на комуникација кај дел од македонските општини. Потоа наодите ќе бидат презентирани на јавниот настан „Лице в лице“ со претставници на општината, граѓани и граѓански организации. Нивните забелешки ќе бидат вградени во документ со препораки и предадени на општината за натамошно унапредување на комуникациската стратегија. На јавниот настан посебен дел ќе има можноста за вклучување на граѓанските активисти и нивната ескпертиза во работењето на помошните тела на Советот и учеството да стане пракса, вклучувајќи ја и помошта при изработката на одредени задолжителни извештаи што ги разгледуваа членовите на Советот, како што се состојбата со болест на зависности, здравствено – епидемиолошката состојба, аерозагадувањето и сл. Видливоста ќе биде обезбедена преку изработката на два новинарски прилози и два инфографици со најважните наоди.

Целта е на крајот од овие активности е подобрување на комуникацијата меѓу граѓаните и граѓанските организации со локалната власт во Штип, како основа за предлагање и поголемо учество во донесување на одлуките од важност на сите.  Да се утврдат слабостите во комуникација на релација локална власт – граѓани/граѓански организации, да се отворат на нови комуникациски канали меѓу локалната власт и граѓаните/граѓанските организации и да се унапреди платформата за комуникација меѓу локалната власт и граѓаните.

Проектот „Кажи за другите да знаат“ е делумно поддржан од Фондацијата Отворено општество Македонија и се спроведува во периодот мај-декември 2020 година.

 

„И локалната информираност е тест за ЕУ“

01.11.2019-30.05.2020

ЗГ „Медиа плус“ го спроведува овој проект со цел зголемување на информираноста на граѓаните на локално ниво за реформските процеси за пристапувањето на државата во ЕУ, преку зајакнување на капацитетите на локалните новинари.

Затоа, „Медиа плус“ спроведе активности, кои се однесуваат на едно од фундаменталните човекови права, европска вредност – слободата на изразување.

Ги повикавме локалните новинари да предлагаат теми, од кои произлегоа шест новинарски стории на овие теми, кои во себе, покрај состојбата на локално ниво. Овие стории ја имаат за цел генералната публика, која ја имаат националното радио Канал 77, како партнер во проектот и публиката на социјалните мрежи.

Состојбата пак, со локалното информирање и зависноста од локалната власт беше анализирана во анализа, која содржи интервјуа, ставови, податоци и факти, кои ќе се соберат во текот на истражувањето.

Проектот ,,И локалната информираност е тест за ЕУ“ го спроведува „Медиа Плус“ ,финансиран од Фондацијата Отворено општество-Македонија„

 

„Реагирај на вистинското место“     

01.09.2019-29.02.2020

ЗГ ,,Медиа Плус“ од Штип го спроведува проектот ,,Реагирај на вистинско место. “

Станува збор за проект во чиј што фокус е граѓанинот и неговото активно вклучување во креирањето на локалните политики, конкретно штипската локална самоуправа во областите урбанизам и екологија.

Крајната цел на проектот е зголемување на ангажманот на граѓаните во адресирањето на на нивните потреби и потребите на заедницата до локалните институции и локалната власт со цел нивно ангажирање во решавањето.

Се врши мониторирање на трошењето на јавните пари и локалните политики во областа на животна средина и урбанистичко планирање.

Во изминатиот период беа спроведени Фокус групи од 21 граѓани а во тек е и онлајн анкета.

Со проектот се зголеми видливост во работењето на локалната власт и учество на граѓаните во работењето на сектор екологија и урбанизам.

Проектот е финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија-ФООМ

 

Отварање на регионален ресурсен центар во Штип поддржан од Делегација на ЕУ 2018

15.02.2018-31.06.2021

Медиа плус – Штип на Граѓанскиот ресурсен центар во Штип на 29 мај 2018 година.

Овој центар обезбеди иновативен и инспиративен простор за големите и мали локални граѓански организации (ГО) и активисти, и пружа поддршка и лесен пристап до ресурсите потребни за нормално функционирање на ГО. Целта на проектот е да се помогне во зајакнувањето на ГО, кои се независен фактор во обликувањето на општествениот живот и демократијата во земјата, како и за создавање овозможувачка околина која ќе го поддржи развојот на граѓанскиот сектор.

Со програмата ќе функционираат три ресурсни центри – во Скопје, Гостивар и Штип, како и дополнителни мобилни ресурсни центри за целосна географска покриеност на државата. Покрај тоа, ќе се спроведат 18 обуки, 12 конференции, 27 „отворени денови на Ресурсниот центар” во различни градови низ државата; ќе се обезбеди редовна логистичка поддршка на локалните ГО; ќе се доделат oсум партнерски и 10 мали грантови за поддршка на локални и национални иницијативи; ќе се воспостави биро за информирање на ГО; ќе бидат дистрибуирани 36 месечни прегледи за можностите за финансирање на ГО како и квартални прегледи на законските промени кои може да влијаат врз нивната работа; ќе се подготват и три годишни извештаи за овозможувачката околина за  граѓански организации, а ќе биде воспоставена и ресурсна веб страна.

Граѓанскиот ресурсен центар е дел од програмата Национален ресурсен центар за граѓанските организации, спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка во партнерство со Медиа Плус од Штип и Асоцијација за демократски иницијативи од Гостивар, а е поддржан од Европската Унија.

 

Здружени сме посилни и побезбедни

01.06-2019-31.03.2021

Градење на партнерски однос меѓу граѓаните, заедниците, граѓанските организации и локалните власти преку Советите за превенција во делот на сигурноста, безбедноста и превенцијата, е акцијата на Здружението „Медиа плус“ од Штип,. Насловот на проектот е „Заедно сме побезбедни и посигурни“, каде во средиштето се локалните Совети за превенција како мост за соработка и вмрежување.

Тимот на Медиа плус истражува, анализира, ги прашува граѓаните и властите, зборува за позитивните примени на решенија и вмрежување во заедницата. Инсистира на поголема улога на граѓаните и граѓанските организации во тој одно преку ангажирање на по организации во секоја од општините.

Намерата е на крај од акцијата да се создадат отворени, транспарентни и зајакнати Совети и граѓани, кои соработуваат, информираат и алармираат за важните прашања за заедницата.

Проектот се спроведува во осум градови од осумте плански региони во период од 18 месеци.

Проектот е поддржана од Цивика мобилитас

 

Активности на Медиа Плус во 2020, надвор од проектните активности

Медиа плус учествуваше на неколку јавни расправи организирани од ресорните министерства и граѓански коалиции кои се однесуваа на реформи во граѓанскиот сектор и реформи во медиумите.

 

 

ФИНАНСИСКИ ИЗВЕШТАЈ МЕДИА ПЛУС 2020

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ

 

БИЛАНС НА ПРИХОДИ И РАСХОДИ201820192020
 
ВКУПНО ПРИХОДИ(240+243+244+247+248) 2,493,174.003,945,977.008,273,860.00
ВКУПНО РАСХОДИ:1,319,747.001,921,057.003,962,693.00

 

Здружение на граѓани Медиа Плус 2021