Медиа Плус - Нови Емисии 2016

Регионален форум во Мултимедијален центар Канал 77, во Штип

Е-пошта Печати PDF

Untitled-2мало

Повеќе...

Делчево – единца по сообраќајна култура

Е-пошта Печати PDF

delcevo-26720Во Делчево минува меѓународен пат, што дополнително ја усложнува сообраќајната слика во градот. Делчевчани побараа место за пешаците, а од општината бараат посериозен пристап кон проблемот, кој понекогаш се плаќа со најскапото – човечкиот живот.

Повеќе...

Велес: Педалинки за премин на улица

Е-пошта Печати PDF

Veles

Велес е распослан на неремен, ридест терен, што го става на врвот за решавање проблемот со атмосферската вода. Особено за жителите на пониските делови на Велес, кои стравуваат од секој најавен дожд. Надлежните велат дека нема магично стапче за ваква кофигурација на теренот, но граѓаните повикуваат да се решава дел по дел, бидејќи еден дел од годината живеат под вода. Убавка Јаневска ги слушна поплаките на граѓаните, а потоа ги праша надлежните од општината, што мислат да направат со овој граѓански проблем.

Повеќе...

Отпадот обврска на општината, совест на граѓаните

Е-пошта Печати PDF

gubre strumicaСобирањето и изнесувањето на комуналниот отпад од домаќинствата е темата која струмичани ја определија како примарна за решавање од страна на општината. Граѓаните бараат почесто изнесување на отпадот, а во делови од градот да бидат заменети и садовите во кои тие го фрлаат ѓубрето. Од јавното претпријатие за годинава најавуваат набавка на нови контејнери, но повикуваат и на поголема свест на граѓаните во депонирањето на отпадот. Нашиот новинар Ване Трајков ги пренесува очекувањата на граѓаните и одговорите на општината.

 

 

Повеќе...

Алчни политичари ги оставија тетовчани без вода

Е-пошта Печати PDF

voda za pienje

„Ќе се вратиме од работа, нема вода да се зготви јадење, ниту човек да се истушира. Живееме живот со рестрикции“, велат граѓаните на Тетово, кои со децении чекаат на политичките ветувања. И прашуваат каде се парите, со оглед на тоа дека до сега се потрошени не илјадници, туку милиони евра народни пари.

И затоа, меѓу трите животни прашања за граѓаните – водоснабдувањето, квалитетот на возухот што го дишат и немањето простор за движење , во третата емисија од проектот Мојата општина и јас граѓанинот, тетовчани го детектираат како најсуштински - проблемот со немањето на вода за пиење.

- Под Шара живееме и да немаме вода за пиење е срамота! Градоначалникот треба да преземе мерки. Зошто ние да немаме вода, кога сме под Шара?!

Повеќе...

Половина дојранчани живеат со септичка јама

Е-пошта Печати PDF

fekalna vodaВо езерскиот Дојран, каде туристите почнуваат да враќаат, проблем се водите. Но, оние отпадните, особено поради нерешениот главен и суштински недостаток на канализација и колектор за одвод на отпадните води. За отпадните води со децении не се нашло решение.

Канализациската мрежа не ги покрива потребите на гражаните, а не пак приливот на туристи, кога градчето со 800 жители, одеднаш станува пртостор каде на едно место ќе се најдат и по 20.000 корисници. Граѓаните на Дојран во нашата анкета, ова го детектираа како главен приритетен за решавање. Што друго им е приоритетно на граѓаните, а што до сега направила општината, истражуваше Роза Шулева.

Повеќе...

Граѓаните на Штип бараат осветлени улици

Е-пошта Печати PDF

temna ulicaУличното осветлување е грижа на општината, кое според Законот за локална самоуправа е должна да го поставува и одржува јавното осветлување под што се подразбира изградба и одржување на јавното осветлување.

За тоа кои се потребите на штипјани?

Уличното осветлување е еден од клучните проблеми за граѓаните во Општина Штип. Некои од нив стравуваат да се движат надвор во вечерните часови, бидејќи како што велат, не се чувствуваат безбедно. Надлежните сепак, сметаат дека Штип е една од Општините со најдобро јавно или улично осветлување.

Повеќе...
You are here Изданија Проект Моја Општина