Реализирани Проекти

НАСЛОВ НА ПРОЕКТОТ:
 “МОЈА ОПШТИНА”

НОСИТЕЛ НА ПРОЕКТОТ:
Здружение на граѓани Медиа плус
Адреса ул.Јосиф Ковачев 18
поштенски број и град 2000 Штип

ПЕРИОД :
19 април – 18 октомври 2010

телефон: 032 397 707
e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите


Активности:
Подготовка, печатење, дистрибуција и пополнување на анкетни прашалници.
Од страна на Медиа плус се подготвени анкетни прашалници кои се со една иста содржина, односно содржат по 9 различни прашања.
Анкетниот прашалник беше доставен до ЦИРа и истиот одобрен за печатење. Ги печатевме на принтер во 110 копии.
Ги дистрибуиравме по препорачана пошта  до 11 анкетари во следниве
11 општини во РМ :
Центар, Битола, Велес, Гостивар, Кочани, Куманово, Охрид, Струга, Тетово, Струмица и Штип. Анкетарите ги пополнија заедно со граѓаните со цел да се детектираат главните забелешки за работата на локалната администрација и органите на локалната власт. Веднаш по пополнувањето анкетарите ни ги вратија по пошта.


Од страна на Медиа плус и новинарите на Канал 77 се утврдија најчесто посочени проблеми, и во секоја општина се посочија различни теми. Тие беа предадени на тимот на Канал 77. Беа обработени 110 прашалници . При детална анализа на сите прашалници се издвоија 10 најчесто посочени проблеми кои ги имале граѓаните. При анализата се внимаваше да 10те теми бидат различни. Анкетните прашалници се пополнија во следниве општини:

Куманово, Струмица, Велес, Струга, Гостивар, Кочани, Охрид, Тетово, Битола и Штип.

Реализација-продукција на истражувачка приказна врз основа на еден конкретен граѓански проблем набележан во прашалниците.

Оваа истражувачка приказна во траење од 3-5 минути го третира проблемот од сите аспекти со инволвирање на сите страни во проблемот – граѓанин со одреден проблем, органот на локалната власт кој е одоговорен за негово решавање, други локални структури, Државен орган компетнентен да одговори на некој аспект од приказната.

Врз основа на истражувачката приказна следеше поширока разработка на темата од приказната.
Кое е овластувањето и надлежностите на одделени органи во локалната власт?
Кои се законските ингеренции? Кои се правата на граѓаните и каде да се обратат?
Дали постојат рокови за решавање на конкретниот проблем?
Кој затаил во решавање на конкретниот проблем? Кои се законските последици за нерешавање или бавното решавање на проблемот?
Оваа активност ја спроведоа новинарите на Канал 77 по налог на Медиа плус од страна на програмскиот раководител.

Се реализираа интервјуа, објаснувања и толкувања од страна на надлежните и инволвираните страни во проблемот.

Во реализација на емисијата учествува новинарски тим со сниматели и продуценти на радио Канал 77.

Изработени се 10 радио емисии.
Емисијата се емитуваше на Канал 77 еднаш неделно, со една реприза во недела и промо за секоја емисија посебно со цел да се најави и да се зголеми слушаноста на емисијата.
Во прилог Ви доставуваме термин план каде прецизно се дадени термините на
На крајот на циклусот во контролниот период за потребите на еволуацијата и  добивање на фид-бек од граѓаните, Канал 77 организираше директна контактна програма преку својата најслушана емисија "Стадион" во времетраење од два часа, во сабота од 10-12 часот.

5.1 Секоја недела по реализацијата на емисијата се изработување информативниот билтен со содржините од емисијата . Билтенот беше подготвен во аудио и пишана форма и ја содржи истражувачката приказна.

5.2. Дистрибуција на информативниот билтен во електронска форма. Оваа истражувачка приказна преку информативниот билтен електронски во аудио и пишана форма се дистрибуираше до градоначалниците, советниците, општините, Министерствата и др. органи.  
Во текот на реализацијата единствен проблем со кој се соочивме е тешката достапност до органите на локалната власт, поточно со тој проблем се соочи новинарскиот тим на Канал 77. Главна причина беа годишните одмори . Пречките  се надминати со почести телефонски јавувања, ургенции преку лица одговорни за односи со јавност, а во Штипската општина напишавме писмено барање со објаснување зошто ни е потребно интервју.

ЗАКЛУЧОЦИ
При пополнувањето на анкетните прашалници заклучивме дека граѓаните многу малку си ги знаат своите права и дека имаат страв јавно да ги презентираат.
Со самото тоа што анкетата е анонимна се јавува отвореност во искажувањето на своето мислење и посуштинско навлегување во причините за постоењето на проблемоот.
Заклучок : Медиумите како седма сила или седма уметност и четврта власт во државата,  а посебно националните кои се независни,  имаат големо влијание кај лугето, од една страна да си ги искажат проблемите, а од друга страна пак да се промени однесувањето на лицата од Локалната самоуправа  бидејќи знаат дека се под лупа на јавноста.

 

You are here Проекти Реализирани Проекти