Медиа Плус учествуваше на третата средба за вмрежување од Цивика Мобилитас

Е-пошта Печати PDF

Денес (24 октомври 2017 г.) во Охрид се собраа 186 претставници на граѓанските организации поддржани од програмата во изминативе три години, со цел да  ги разменат знаењата и искуствата и да дискутираат за тоа како да ја направат повидлива промената што ја прават во општеството.

Освен идентификувањето и визуелизацијата на промените во секоја целна група со која работат, денес и утре учесниците ќе дискутираат за меѓународните практики во набљудувањето и оценката на граѓанските организации и за подобрување на комуникацијата на постигнувањата со Mike Zuijderduijn.

1-vmrezuvanje

Претставниците на Сите за правично судење, Зелена лупа, Скуп и Здружението на новинарите на Македонија и Македонското здружение на млади правници ги споделија со присутните промените што ги направиле со нивната работа.

vmrezuvanje-2

Жаклина Хаџи-Зафирова од СКУП – Центар за истражувачко новинарство рече дека граѓаните не ја препознаваат организацијата туку нејзините производи. Како најважни стории ги издвои истражувањето на имотот на четирите најголеми партии, истражувањето на трошоците на пратениците за да стигнат на своите работни места, истражувањето на трошоците за репрезентации на министерствата како и тоа за отпадот во македонските болници.

Драган Секуловски од Здружението на новинари на Македонија го претстави нивниот случај поврзан со исфрлањето на новинарите од Собранието на 24 декември. „Реагиравме до надлежните институции, но немавме никаква поддршка. Добивме одговор дека Уставот не е прекршен. По две години реагиравме до судот во Стразбург и тој утврди дека се прекршени членовите 10 и 6 од Eвропската конвенција за заштита на човековите права“. Како резултат на оваа пресуда која е една од ретките во Европа, новинарите се охрабрија почесто да бараат судска заштита.

You are here МедиаПлус