Хуманитарна изложба и Регионален форум на Цивика Мобилитас во Мултимедијален центар Канал 77

Е-пошта Печати PDF

Креативни и впечатливи ракотворби беа дел од изложбата со хуманитарен карактер, која на 7 –ми октомври се одржа во Мултимедијалниот  центар Канал 77.

top

Есенскиот дожд, тој ден не ги попречи граѓаните на Штип да дојдат, да купат некој од предметите изработени од вештите жени, а парите беа наменети за хуманитарни цели, односно за борба против рак на дојката. Меѓу нив, беше и охриѓанката, Билјана Цветановска која не потклекнала пред ракот на дојка, болест што ја имале пред неколку години. Таа ги изложи креативните предмети изработени со техниката декупаж, упатувајќи апел дека никогаш за ништо не треба да се губи надеж и дека убавината лежи во секојдневните работи, како изгрејсонцето, пиењето на плажа, или шетањето на плажа.

Истовремено, дел од жените учеснички на изложбата подготвија вкусни домашни јадења, па присутните можеа и да уживаат во вкусот на храната.

На седми октомври исто така, во Мултимедијалниот центар Канал 77 се одржа и Регионален форум на Цивика Мобилитас за источниот и југоисточниот регион. Форумот се одржа под мотото „Вклучени сите, вклученост за сите“,

Носечката тема беше социјалната инклузија, поточно потребната соработка за сеопфатна и целосна социјална инклузија, за која учесниците на форумот разменија мислења, идеи, искуства и дадоа предлози за понатамошни заеднички акции.

You are here МедиаПлус