Алчни политичари ги оставија тетовчани без вода

Е-пошта Печати PDF

voda za pienje

„Ќе се вратиме од работа, нема вода да се зготви јадење, ниту човек да се истушира. Живееме живот со рестрикции“, велат граѓаните на Тетово, кои со децении чекаат на политичките ветувања. И прашуваат каде се парите, со оглед на тоа дека до сега се потрошени не илјадници, туку милиони евра народни пари.

И затоа, меѓу трите животни прашања за граѓаните – водоснабдувањето, квалитетот на возухот што го дишат и немањето простор за движење , во третата емисија од проектот Мојата општина и јас граѓанинот, тетовчани го детектираат како најсуштински - проблемот со немањето на вода за пиење.

- Под Шара живееме и да немаме вода за пиење е срамота! Градоначалникот треба да преземе мерки. Зошто ние да немаме вода, кога сме под Шара?!

Никогаш порано не се случуваа рестрикции на вода, а сега, последните годнини живееме со рестрикции?! Од лани наваму немаве вода, тоа не ми е јасно. Треба да се запрашаат самите власти, градоначалникот - вели една тетовчанка.

- Рестрикциите траат од 12-16 часот или од 16-20 часот. Треба да се преземат мерки. Доаѓаме од работа, треба да се искапиме, нема вода. Ручек да направиме, не можеме, вели тетовчанец. Друг ја посочува општината за одговорна.

- Општината заедно со владата треба да ги реши проблемите со водата.

- Парите се трошат. Каде? Никој не знае. Некој знае, ние не знаеме како граѓани. Се фаалт дека сега ќе биде уште плус 200 кубика вода, но, кога ќе дојде тогаш ќе верувам. Сега засега, не. Вината лежи во општината.

tetovoЗаота што општината е таа што треба да се ангажира за тие пари што ги зема и наменски да ги употреби, не за свои лични потреби. Апсолутно не се согласувам со ијзавите што ги даваат ни градоначалничката ни советниците, ни било кој. Да се направи ревизија да се види каде се потрошени тие девет, 15 милиони колку се одобрени од владата и да видиме ревизијата да покаже колку се потрошени парите од Попова Шапка до Тетово. Дел од вината лежи кај граѓаните, особено кај оние кои по цел ден полеваат бавчи, се мијат дворови а оние од повисоките места и од зградите немаат вода, велат гражаните на Тетово.

Вака зборуваат тетовчани, кога ги прашавме за живот без вода. Зошто и во 21-век граѓаните немаат вода, истражуваше Снежана Новаковска Децении наназад е старо ветувањето дадено на тетовци дека ќе бидат привилегирани со нов водовод, од кој со вода ќе биде снабден градот под Шара. Градските власти течеа и се менуваа , остануваа матни сметки наменети за водовод, а него се уште го нема .

Во време на секоја предизборна година водоводот стоеше зацртан во агендите на сите политичари под знакот на ПРИОРИТЕТНО.

Но, тетовчани како да дигнаа раце од ветувањата и полека почнаа да се навикнуваат да се снаоѓаат вода да наполнат пред да чукне часот на рестрикција која и во најдождливиот период од годината па и во најголемите поплави кои го зафатија Тетово мора да ја има .

- Овие рестрикции се јавуваат двапти во текот на денот од 17-20 часот и ноќна рестрикција од еден часот по полноќ до четири часот наутро. Во овој период може да трае и многу подолго, може да трае и цела зима. Зависи од хидролошките услови, вели заменик директорот на КЈП Водовод, Борче Бојовски.

За да се спречат овие рестикции две решенија се во игра првото решение е изградбата на нов водоснабдителен систем а второто е воведување на посебен режим на потрошувачка на водата со воведување на нови мерни уреди со кои редовно ќе се следи потрошувачката на вода и така пак ќе се удри по нивниот џеб за порационално трошење на вода .

- За да се изгради прочистителна станица за овие нови 200 метри кубни вода и таму веќе се отворени процедурите за набавка на филтер станицата. Заначи се’ а се’, да се заврши целиот проект до средината на 2016 година потребни беа 4,5 милиони евра за оваа работа да боде ад акта, изјави градоначалничката Теута Арифи.

Гласно реагирање и зборување за проблемите кои ги имаме со луѓето на кои ние им ја дадовме дозволата во наше име да ги решаваат прашањата со кои се засегнати граѓаните вели најгласниот критичар преку социјалните мрежи на градоначалничката Теута Арифи граѓанинот Дамир Незири.

- Граѓаните мора да бидат дел од целиот процес на владеење, затоа што тие се наши претставници, затоа што работат не за себе, туку за нас и од нас се избрани. Јас би бил среќен да зборувам за недостаток на културен ѓивот, за немање на кино, за немање на спортски објекти... Ние во Тетово се соочуваме со многу побазични проблеми, како немање на вода за пиење и одржување на лична хигиена. И сметам дека од една страна е да се посочат проблеми до властите, од друга е да се охрабрат граѓаните да бидат поактивни за она со што се соочуваат. Она што неколку пати го кажувам дека јас лично немам ништо со градоначалничката Теута Арифи. Ние заслужуваме подобро и треба тоа да го бараме тоа од нашите претставници, смета Незири.

Дамир Незири останува да го чека моментот на сечење на црвената лента на долгоочекуваниот водовод до крајот на 2015 но според градоначалничката Теута Арифи водоводот ќе биде завршен до крај на оваа година но не и пуштен во употреба годинава .

Затоа заедно со 80 000 тетовци ,Дамир и целата јавност чекаме конечно да бидеме сведоци на историскиот момент кога градоначалничката Теута Арифи ќе го одврзе Гордиевиот јазол на водоснабдителен систем за Тетово или по вода ќе мора одиме на Марс.

Општината е должна да обезбеди вода. Една од основните надлежности на општината е водоснабдувањето на граѓаните и стопанството, за што формира соодветни јавни претпријатија.

Во членот осум од Законот за снабдување со вода и одведување на отпадни води се вели дека давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со здравствено исправна и чиста вода за пиење преку изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на урбаните отпадни води преку изградениот канализационен систем. И тука е проблемот. Општинската власт вели дека проблемот делумно е во нерационалното трошење на гражаните, кои пак тврдат дека општината не се потрудила да им ги обезбеди основните услови за дотур на вода, а со тоа и да си ги исполни обврските кон корисниците.

Градоначалничката Теута Арифи, која двеипол години управува со општината вели дека го наследила најкоруптивниот проект во Југоисточна Европа, општината останала без имот откако нејзините претходници се’

продале, но сепак најдени се фондови од 4,5 милиони евра за доградба на водоводниот систем и прочистителна станица.

Законски одредби:

• ЗАКОН ЗА СНАБДУВАЊЕ СО ВОДА ЗА ПИЕЊЕ И ОДВЕДУВАЊЕ НА

• УРБАНИ ОТПАДНИ ВОДИ

• “Сл. весник на Р Македонија” бр.68/05 од 05.10.2004 година

Член 8

(1) Давателот на услугата е должен на корисниците на услугата да им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со здравствено исправна и чиста вода за пиење преку изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на урбаните отпадни води преку изградениот канализационен систем.

(2) Давателот на услугата е должен да ги информира корисниците на услугата за нарушувањето или прекинот во давањето на услугата од ставот(2) на овој член, согласно со закон.

Член 10

(1) Во случаите кога корисниците на услугата не можат да се снабдат со вода за пиење непрекинато над 12 часа, давателот на услугата е должен да ги снабди корисниците на услугата со вода за пиење на начин што ќе се утврди со План за начинот на вршење на дејноста во вонредни околности,согласно со стандардите и вредностите за квалитет на водата и неопходното количество на вода за пиење, донесен од давателот на услугата во согласност со основачот.

Член 37

Овластениот комунален инспектор на општините и овластениот комунален инспектор на градот Скопје, за подрачјето на градот Скопје при вршењето на инспекцискиот надзор утврдуваат дали давателот на услугата:

- на корисниците на услугата им обезбедува трајно и непрекинато снабдување со здравствено исправна и чиста вода за пиење преку изградениот водоснабдителен систем;

- обезбедува притисок во мрежата на водоснабдителниот систем;

- обезбедува трајно и непрекинато одведување на урбани отпадни води преку изградениот канализационен систем;

- прибавил потврда од давателот на услугата за постоење на техничка можност за приклучување на водоводна и канализациона мрежа;

Член 42

(1) Органот на државната управа надлежен за работите од областа на комуналните работи врши надзор над законитоста на работата на органите на општината.

Член 43

(1) Со парична казна од 100.000 до 300.000 денари ќе се казни за прекршок давателот на услугата, ако :

1) на корисниците на услугите не им обезбеди трајно и непрекинато снабдување со здравствена исправна и чиста вода за пиење преку изградениот водоснабдителен систем, како и одведување на урбани отпадни води преку изградениот канализационен систем.

Општината Тетово на својата интернет страница им овозможила на граѓаните да пријават проблем, (iTetovo (Пријави проблем, Закажи средба, Ваша идеја) но, кога ќе се обидете да пријавите, страницата не работи.

Оставете ги вашите коментари на нашиот форум : http://mediaplus.org.mk/forum/mk/

You are here Проекти Проект Моја Општина Алчни политичари ги оставија тетовчани без вода