Програмска Активност

Е-пошта Печати PDF

logo official MK-1МЕДИА ПЛУС во концепт на својата мисија ќе подготвува и спроведува обуки од областа на маркетингот и ПР можностите за Малите и Средни Претпријатија. Обуките претежно ќе бидат наменети за менаџери на СМЕс и обуки за вработените во СМЕс. Медиа Плус ќе ги спроведува обуките во соработка со самите СМЕс. Ваков вид на обуки ќе имаат за цел да ја подобрат и унапредат маркетинг и ПР состојбата на самите нив. Со самите обуки ќе биде презентирана важноста и улогата на ПР-от, како и можностите и добивките од процесот на применуање на ПР услугите. Во процесот на спроведување на обуките Медиа плус ќе ги користи своите човечки, инфраструктурални и технички ресурси.

 

 

 

 

Обуки за политичките субјекти за ПР и локално владеење

Според досегашната состојба на Политичките партии, тие имаат недостаток во областа на коритењето на ПР услугите и локалното владеење. Ова е една од причина за спроведување на ваков тип на обуки. Обуките ќе бидат реализирани од страна на стручниот тим на Медиа Плус во соработка со политичките субјекти во Македонија. За таа цел ќе бидат обучувани лица од политичката елита, кои ќе стекнат познавање во обласат на ПР како алатка во нивното работење, начинот и користа од примена на ПР-от.  


Обуки за менаџмент во областа на културата и ПР

Спроведување на менаџмент и ПР обуки за институциите кои работата во областа на културата. Медиа Плус ќе спроведува логистичка и едукативна реализација на ваков вид на обуки за горенаведените институции. Обуките ќе опфатат тематика за начинот на менаџирање на самите културни институции како и корелацијата на ПР-от со ваквиот вид на институции. Ваквиот вид на обуки ќе бидат спроведувани за вработените и менаџерите на културните институции.

 
Иницирање на бизнис средби и саеми

Медиа Плус ќе спроведува логистика за бизнис средби на Бизнис секторот и други релативни субјекти, чија дејност е посветена на развој и подобрување на бизнис можностите во земјава и странство. Преку организирање на саеми и бизнис средби ќе се овозможи подобрување на квалитетеот на презентирање и стабилизирање на бизнис средината во Македонија. Преку ова ќе се иницира поголема соработка меѓу домашниот и странскиот бизнис сектор. Сето ова ќе се постигне преку соработка на Медиа Плус со македонските и странските бизнис, НВОи и државни институции.


Покривање на општествени јавни дебати

Во корелација на поставената мисија, Медиа Плус ќе спроведува општествени јавни дебати кои ќе покренуваат прашања за одредени граѓански проблеми и нивно решавање. Во процесот на спроведување на јавните дебати ќе бидат вклучени стручниот тим на Медиа Плус во соработка со индивидуални и консултативни професионални лица, кои работат на конкретни тематики.

You are here За нас ПРОГРАМСКИ АКТИВНОСТИ