Наша визија

Е-пошта Печати PDF

vision-mission250x250Во процесот на евроинтеграција, денес Македонија минува низ различни фази на подготовка и усогласување со барањата и стандардите на ЕУ. Како резултат од стремежот кон целосна интеграција на стандардите определени од ЕУ за начинот и квалитетот на живеење во Македонија, се оди кон подобрување и усовршување на досегашните критериуми за животен стандард.

Во овој регион на Македонија, како дел од општествениот живот се организираат најразлични настани (културни манифестации, саеми, политички, образовни и комерцијални настани) кои се соочуваат со проблеми во самиот процес на организирање, како и со просторни и концептуални проблеми кои се сведени на минимално задоволувачко ниво.

Ваков тип на настани, кои се значаен дел од културниот живот во регионот, се Макфест, Денови на оризот, Штипско културно лето, детски фестивали и други. Недоволната или некомплетна организираност на самите настани води до намалување на рејтингот и популарност, како и до неквалитетна реализација.

Објективно, во Источна Македонија постојат институции кои би трбало да ги задоволат инфраструктуралните, технички и логистички потреби на регионот. Но како резултат на промените, настанати или реализирани при процесот на транзиција на државата, многу од нив го намалија својот капацитет на исполнување на критериумите и способностите за целосна реализација.

Објектите во регионот кои ги задоволуваат просторните капацитети за остварување на културно-едукативни настани, сепак делумно ги задоволуваат потребите и барањата на самите граѓани. Тоа е производ (произлегува) од недоволните организациски капацитети И вештини на самите онјекти за постигнување на бараните резултати. Објекти од тој вид (калибар) се Домот на Културата, Дом на Млади и Пионерскиот Дом, кои како резултат на времето И недоволото инвестирање во самите објекти е довело до намалување на самите способности за функционирање на објектот И неговата намена.  

Земајки во предивид дека пазарот на услуги се зголемува И дефрагментира со секој изминат ден, доведува до некомплетна организациска реализација на настаните организирани от различни субјекти. Затоа треба да се обрне посебно внимание на самата организациска состојба на регионот за да може да се добие еден комплетно организиран настан.

Логистичката и услужна дејност во реонот преставуваат еден од проблемите со кои се среќаваме за да се задоволат потребите за организирање и реализација на културно-едукативни настани во регионот. Овој проблем ја достигнува својата кулминација особено кога станува збор за цената на чинење на самите услуги кои се нудат. Имајки ја во предвид економската состојба на Македонија, која во моментот не е на завидно ниво, доведува многу корисници на ваков тип на услуги во тешка состојба, зермајки во предвид дека многу од нив нема да можат да си дозволат ваков тип на услуги.

You are here За нас ВИЗИЈА