logo official MK-1

Добре дојдовте на Медиа Плус

Здружението на граѓани МЕДИА ПЛУС од Штип е доброволно, непрофитно, невладино, непартиско здружение на граѓани, формирано со слободно здружување на граѓаните заради остварување, заштита и усогласување на своите интереси и уверувања за унапредување на граѓанското општество и локалните заедници, како и заради вршење на дејности и активности за поттикнување на моралните вредности, зајакнување на меѓуетничките односи и економкси развој во на територијата на Македонија и пошироко.

Медиа Плус на социјалните мрежи

contactus ctreia-youtube-logo facebook-logo linkedin-logo RSS logo twitter-logo-sm 

Отпадот обврска на општината, совест на граѓаните

gubre strumicaСобирањето и изнесувањето на комуналниот отпад од домаќинствата е темата која струмичани ја определија како примарна за решавање од страна на општината. Граѓаните бараат почесто изнесување на отпадот, а во делови од градот да бидат заменети и садовите во кои тие го фрлаат ѓубрето. Од јавното претпријатие за годинава најавуваат набавка на нови контејнери, но повикуваат и на поголема свест на граѓаните во депонирањето на отпадот. Нашиот новинар Ване Трајков ги пренесува очекувањата на граѓаните и одговорите на општината.

 

 

Повеќе...

Алчни политичари ги оставија тетовчани без вода

voda za pienje

„Ќе се вратиме од работа, нема вода да се зготви јадење, ниту човек да се истушира. Живееме живот со рестрикции“, велат граѓаните на Тетово, кои со децении чекаат на политичките ветувања. И прашуваат каде се парите, со оглед на тоа дека до сега се потрошени не илјадници, туку милиони евра народни пари.

И затоа, меѓу трите животни прашања за граѓаните – водоснабдувањето, квалитетот на возухот што го дишат и немањето простор за движење , во третата емисија од проектот Мојата општина и јас граѓанинот, тетовчани го детектираат како најсуштински - проблемот со немањето на вода за пиење.

- Под Шара живееме и да немаме вода за пиење е срамота! Градоначалникот треба да преземе мерки. Зошто ние да немаме вода, кога сме под Шара?!

Повеќе...

Половина дојранчани живеат со септичка јама

fekalna vodaВо езерскиот Дојран, каде туристите почнуваат да враќаат, проблем се водите. Но, оние отпадните, особено поради нерешениот главен и суштински недостаток на канализација и колектор за одвод на отпадните води. За отпадните води со децении не се нашло решение.

Канализациската мрежа не ги покрива потребите на гражаните, а не пак приливот на туристи, кога градчето со 800 жители, одеднаш станува пртостор каде на едно место ќе се најдат и по 20.000 корисници. Граѓаните на Дојран во нашата анкета, ова го детектираа како главен приритетен за решавање. Што друго им е приоритетно на граѓаните, а што до сега направила општината, истражуваше Роза Шулева.

Повеќе...

Страница 3 од 4