Стратегија на НВО Медиа Плус за 2016-2017

СТРАТЕГИЈА НА НВО МЕДИА ПЛУС 2016-2017

 

Содржина:

Во процесот на евроинтеграција, денес Македонија минува низ различни фази на подготовка и усогласување со барањата и стандардите на ЕУ. Како резултат од стремежот кон целосна интеграција на стандардите определени од ЕУ за начинот и квалитетот на живеење во Македонија, се оди кон подобрување и усовршување на досегашните критериуми за животен стандард.

Во овој регион на Македонија, како дел од општествениот живот се организираат најразлични настани (културни манифестации, саеми, политички, образовни и комерцијални настани) кои се соочуваат со проблеми во самиот процес на организирање, како и со просторни и концептуални проблеми кои се сведени на минимално задоволувачко ниво.

Ваков тип на настани, кои се значаен дел од културниот живот во регионот, се Макфест, Денови на оризот, Штипско културно лето, детски фестивали и други. Недоволната или некомплетна организираност на самите настани води до намалување на рејтингот и популарност, како и до неквалитетна реализација.

Објективно, во Источна Македонија постојат институции кои би требало да ги задоволат инфраструктурните, технички и логистички потреби на регионот. Но како резултат на промените, настанати или реализирани при процесот на транзиција на државата, многу од нив го намалија својот капацитет на исполнување на критериумите и способностите за целосна реализација.

Објектите во регионот кои ги задоволуваат просторните капацитети за остварување на културно-едукативни настани, сепак делумно ги задоволуваат потребите и барањата на самите граѓани. Тоа е производ (произлегува) од недоволните организациски капацитети И вештини на самите објекти за постигнување на бараните резултати. Објекти од тој вид (калибар) се Домот на Културата, Дом на Млади и Пионерскиот Дом, кои како резултат на времето И недоволното инвестирање во самите објекти е довело до намалување на самите способности за функционирање на објектот И неговата намена.

Земајќи во предвид дека пазарот на услуги се зголемува И дефрагментира со секој изминат ден, доведува до некомплетна организациска реализација на настаните организирани от различни субјекти. Затоа треба да се обрне посебно внимание на самата организациска состојба на регионот за да може да се добие еден комплетно организиран настан.

Логистичката и услужна дејност во реонот преставуваат еден од проблемите со кои се среќаваме за да се задоволат потребите за организирање и реализација на културно-едукативни настани во регионот. Овој проблем ја достигнува својата кулминација особено кога станува збор за цената на чинење на самите услуги кои се нудат. Имајќи ја во предвид економската состојба на Македонија, која во моментот не е на завидно ниво, доведува многу корисници на ваков тип на услуги во тешка состојба, со оглед дека многу од нив нема да можат да си дозволат ваков тип на услуги.

 

Улога на Медиа плус

Медиа плус како непрофитна, невладина организација во целост се стреми кон зајакнување и подобрување на регионалниот развој во областа на економијата, културата и образованието на граѓаните од Источна Македонија. Тој претставува административен центар кој во контекст на својата работа се појавува како иницијатор и координатор на голем број предвидени активности засновани на неговата улога. Преку користењето на своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси се спроведуваат активности со едукативна, промотивна и самоиницијативна содржина.

 

Проблеми:

  • Лоши просторни услови како последица од недостаток на финансирање
  • нудат простор без кадровска логистика
  • имаат разлика во понуда на услуги и цени со недостаток на соодветен образован персонал за организирање на настани
  • имаат простор кој не е реновиран и несоодветна опрема на користење
  • Неизвесност во постоењето и континуитетот

 

Потреби:

  • Соодветен технички опремен простор
  • Обучен персонал
  • Логистика во организирање
  • Организирање на секаков настан; транспорт на луѓе, добра и стока
  • Производство и дистрибуција на промотивни материјали

 

Цели :

  • Спроведување на аналитички и статистички анализи од општествениот живот;
  • Информирање на граѓанскиот сектор од областа на социјално-културниот живот;
  • Остварување на соработка со владините институции, НВО секторот, медиумите и институции од стопанството и економската сфера;
  • Организирање на годишни собранија на граѓански организации, прес-конференции и медиумски манифестации;
  • Спроведува иницијативи, настани и промоции од областа на културата.

 

Мисија:

МЕДИА ПЛУС ќе обезбеди повисоки стандарди и логистика во организирањето и создавањето на настани и дејности од сверата на општествениот економскиот и цивилниот живот во Југо-Источниот регион, со што ќе го унапреди квалитетот на живеење на граѓаните во истиот.

 

Стратешки пристап:

Кон остварувањето на поставената мисија МЕДИА ПЛУС ќе се стреми кон нудење и користење на:

  1. Соодветна инфраструктура

Своите инфраструктурни можности ќе бидат пренасочени кон спроведување на проектните цели и активности, согласно програмата за работа на МЕДИА ПЛУС. Со тоа ќе се овозможи инфраструктурно користење од страна на бизнис, државен и граѓанскиот сектор со помош на соодветно опремен и адаптиран простор погоден за секаков вид на настани. Во користењето на услугите ќе бидат вклучени СМЕ и коморите (бизнис секторот); НГОс и центри за поддршка на НГОс; работнички универзитети, Факултети (образовни институции); управни и раководни тела во школите (Цивилен сектор); домот на културата, домот на млади библиотеки (културни институции), како и Општини и политички партии (општествено политички институции). Просторот ќе биде прилагоден за организирање на конференции, прес настани, семинари, обуки, конвенции, и др.

1.1 Техничка опременост

Во корелација со инфраструктурните можности МЕДИА ПЛУС ќе овозможи и адекватна техничка опременост, потребна за спроведување на најразличен облик на настани. Од техничката опрема на располаѓање ќе бидат: озвучување на просторот, опрема за симултан превод, прожектори, видео бим и др. технички можности. Техничката опрема ќе биде користена при организирање на саеми, семинари, конвенции, конференции, состаноци и слични вакви настани. Ваквата техничка опременост на настани ќе бидат организирани од страна на Медиа Плус за потребите на бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.

  1. 2.Кадровската екипираност соодветна на дејноста (мисијата)

Со соодветен стручно екипиран кадар Медиа плус има капацитет да им овозможи на културниот, политичкиот и бизнис сектор адекватни логистички, едукативни и промотивни услуги. Исто така ќе организира доквалификациони обуки во самата невладина за подобрување на човековите ресурси во Медиа Плус. Услугите ќе бидат пренасочени за едукативно спроведување на семинари, работилници и обуки во областа на промоцијата, маркетинг, новинарството, ПР-от, како и едукации со комерцијален интерес и позадина. Логистички услуги ќе бидат спроведувани за организирање на саеми, хуманитарни настани, фестивали и др. слични од ваков тип настани. Во склоп на промотивните услуги Медиа Плус ќе спроведува и кампањи со најразлична тематика за бизнис секторот, Цивилен сектор и образовни институции, културни институции и општествено политички институции.

 

  1. 3.Промоција и ПР активности

ПР тимот на Медиа плус ќе изработи ПР план кој ќе содржи:

  • Анализа на ПР ситуацијата во Македонија
  • Бекгроунд на институциите во корелација со ПР-от
  • Цели и начини на водење на кампањи и друг тип на медиумски промоции

Начинот на постигнување на целите ќе зависи од:

  • Соработката на Медиа плус со инволвираните субјекти
  • Методите на обраќање
  • Тактичките комуникациски вештини
  • Проектен тим кој ќе партиципира во Медиа шлус

За достигнување на целите утврдени во ПР планот ќе бидат вклучени субјектите со кои работи МЕДИА ПЛУС како што се: факултетите, работнички универзитети (образовни институции), Домот на културата, Домот на млади, библиотеки (културни институции), бизнис субјекти, Хотели (комерцијални институции), како и Општини, Политички партии (општествено политички институции).

ПР улогата ќе биде спроведувана со помош на следниве методи:

Актуализирање на проекти и активности како главна вест преку

  • Соопштенија за медиумите;
  • Конференции за печат;
  • Медиумски настани.

Добивање на продлабочени прилози

  • Брифинзи за новинари;
  • Посета за новинари;
  • Убедувачки писма.

За градење на односи со јавноста Медиа Плус ќе спроведува

  • Интервјуа за субјектите соработници;
  • Медиумски настани (културни, едукативни, спортски итн.);
  • Поделба на промо материјали (ЦД, Флаери, беџови, видео презентации);
  • Посети за новинари;
  • Коктели.

ПР тимот на МЕДИА ПЛУС ќе го реализира изработениот ПР план преку планирање, организирање и имплементирање на:

  • Планирање на специјални настани;
  • Заседавање во корелација со менаџментот и неговото влијание со клучните јавни индивидуи;
  • Истражувања на ставовите и мислењата кои влијаат на однесувањата и верувањата;
  • Маркетинг комуникации со бизнис секторот;
  • Односи со општините;
  • Односи со корисниците;
  • Односи со вработените;
  • Државни прашања од областа на регулатива, легислатива и др. правни форми;
  • Инвестициони односи со јавните компании, бизнис консултантите и др. бизнис субјекти.

Имплементирањето на ПР планот ќе биде конкретно одреден со рокови како и со строги термини за организирање на кампањите и другите предвидени активности во ПР планот.

Евалуацијата на спроведените кампањи ќе биде остварена преку:

  • Обработка на имплементирани активности
  • Позитивен ефект од страна на јавноста
  • Влијание на јавното мислење врз самите активности

Преку спроведувањето на промотивни и ПР активности ќе се овозможи подобрување на имиџот и работата на заинтересираните субјекти за користење на овој вид услуги.

Медиа плус ќе ги спроведува следниве активности:

  1. 1.Спроведување на обуки
  • Обуки за Мали и Средни Претпријатија од областа на маркетингот и ПР можностите
  • Обуки за политичките субјекти за ПР и локално владеење
  • Обуки за менаџмент во областа на културата и ПР
  1. 2.Иницирање на бизнис средби и саеми
  2. 3.Покривање на општествени јавни дебати
  3. 4.Спроведување на дебати и решенија за маргинализираните групи:

 

Програмски активности

Обуки за Мали и Средни Претпријатија

МЕДИА ПЛУС во концепт на својата мисија ќе подготвува и спроведува обуки од областа на маркетингот и ПР можностите за Малите и Средни Претпријатија. Обуките претежно ќе бидат наменети за менаџери на СМЕс и обуки за вработените во СМЕс. Медиа Плус ќе ги спроведува обуките во соработка со самите СМЕс. Ваков вид на обуки ќе имаат за цел да ја подобрат и унапредат маркетинг и ПР состојбата на самите нив. Со самите обуки ќе биде презентирана важноста и улогата на ПР-от, како и можностите и добивките од процесот на применување на ПР услугите. Во процесот на спроведување на обуките Медиа плус ќе ги користи своите човечки, инфраструктурни и технички ресурси.

 

Обуки за политичките субјекти за ПР и локално владеење

Според досегашната состојба на Политичките партии, тие имаат недостаток во областа на користењето на ПР услугите и локалното владеење. Ова е една од причина за спроведување на ваков тип на обуки. Обуките ќе бидат реализирани од страна на стручниот тим на Медиа Плус во соработка со политичките субјекти во Македонија. За таа цел ќе бидат обучувани лица од политичката елита, кои ќе стекнат познавање во областа на ПР како алатка во нивното работење, начинот и користа од примена на ПР-от.

 

Обуки за менаџмент во областа на културата и ПР

Спроведување на менаџмент и ПР обуки за институциите кои работата во областа на културата. Медиа Плус ќе спроведува логистичка и едукативна реализација на ваков вид на обуки за горенаведените институции. Обуките ќе опфатат тематика за начинот на менаџирање на самите културни институции како и корелацијата на ПР-от со ваквиот вид на институции. Ваквиот вид на обуки ќе бидат спроведувани за вработените и менаџерите на културните институции.

 

Иницирање на бизнис средби и саеми

Медиа Плус ќе спроведува логистика за бизнис средби на Бизнис секторот и други релативни субјекти, чија дејност е посветена на развој и подобрување на бизнис можностите во земјава и странство. Преку организирање на саеми и бизнис средби ќе се овозможи подобрување на квалитетот на презентирање и стабилизирање на бизнис средината во Македонија. Преку ова ќе се иницира поголема соработка меѓу домашниот и странскиот бизнис сектор. Сето ова ќе се постигне преку соработка на Медиа Плус со македонските и странските бизнис, НВОи и државни институции.

 

Покривање на општествени јавни дебати

Во корелација на поставената мисија, Медиа Плус ќе спроведува општествени јавни дебати кои ќе покренуваат прашања за одредени граѓански проблеми и нивно решавање. Во процесот на спроведување на јавните дебати ќе бидат вклучени стручниот тим на Медиа Плус во соработка со индивидуални и консултативни професионални лица, кои работат на конкретни тематики.

Владеење:

 

ЗГ МЕДИА ПЛУС предвидените активности ќе ги реализира самостојно, додека пак дел од нив ќе бидат спроведувани во партнерство со:

  1. Цивилен сектор (НВОи, Образовните институции, управни и раководни тела во школите)
  2. Бизнис сектор (СИЗ, СМЕ, Комори)
  3. Културни институции

Процедурите на финансирање и административно работење ќе бидат регулирани според законската регулатива на Република Македонија.