„Реагирај на вистинското место“

ЗГ ,,Медиа Плус“ од Штип го спроведува проектот ,,Реагирај на вистинско место. “

Станува збор за проект во чии што фокус е граѓанинот и неговото активно вклучување во креирањето на локалните политики, конкретно штипската локална самоуправа во областите урбанизам и екологија.

Крајната цел на проектот кој што ќе се реализира во период од шест месеци е зголемување на ангажманот на граѓаните во адресирањето на на нивните потреби и потребите на заедницата до локалните институции и локалната власт со цел нивно ангажирање во решавањето.

Ќе се врши мониторирање на трошењето на јавните пари и локалните политики во областа на животна средина и урбанистичко планирање.

Во текот на реализацијата на проектот ќе се вршат истражување, снимања и продукција на  новинарски истражувачки стории.

За да ги реализираме овие наши активности потребни ни беа  сознанијата ,колку граѓаните се запознати со своите права и потребата од нивно ангажирање во решавањето на локалните проблеми. Колку тие се информирани за работата на локалните институции, како да се вклучат во креирањето на нивните политики, и во случај на проблеми  да реагираат  како поединци или заедница.

Во изминатиот период беа спроведени Фокус групи од 21 граѓани а во тек е и онлајн анкета.

Со вклучување на граѓаните во реализацијата на проектот „Реагирај на вистинско место“ им се дава можност да ги научат алатките кои што и во иднина ќе можат да ги користат во креирањето на локалните политики. Со нивното посочување на проблемите и нивното адресирање до локалната власт ќе бидат и самите алатка за мониторирањето на работата на општината.

Со проектот ќе се зголемена видливост во работењето на локалната власт и учество на граѓаните во работењето на сектор екологија и урбанизам.

Проектот е финансиран од Фондацијата отворено општество Македонија-ФООМ