Проектот „Подарок под рака“- Кој и што се крие зад донациите и спонзорствата во општините

Во рамките на проектот “Подарок под рака” што го спроведе Граѓанското Здружение “Медиа Плус”, беа анализирани донациите и спонзорствата во општините. Предмет на анализа беа град Скопје, Општина Аеродром, Општина Чаир, Општина Крушево, Општина Ново Село, Општина Прилеп, Општина Ресен, Општина Струмица, Општина Тетово, Општина Велес, Општина Охрид и општина Гостивар.
Тимот којшто го работеше проектот ги сумира податоците кои што во изминатиот период ги собираше преку алатките предвидени во рамките на проектот и изработи дата база со податоци, за сите овие 12 локални самоупорави.
Податоците се собирани главно од она што е објавувано во службените гласници на општините, преку слободен пристап на информации од Министерството за правда како и информациите објавувани преку медиумите во периодот што беше предмет на нашето истражување.
Ги користевме споменатите алатки, се’ со цел да се утврди колку општините се транспарентни во поглед на донациите и спонзорствата и на кој начин граѓаните се информирани за нив.
Акцентот во истражувањето беше ставен на донациите и спонзорствата што општините ги добивале во 2019 година, но и наназад 2018, 2017 и 2016 година, со цел да се направи споредба главно да се види дали има забележителни измени.

Базата од целиот проект можете да ја прегледате преку следниот ЛИНК.