Без врска не е секогаш #безврска – нов предизвик за тимот на Медиа Плус

Трошењата, јавните набавки процедурите и отчетноста во општините Кавадарци и Штип се предмет на активностите на новиот проект на Медиа Плус: „Без врска не е секогаш #безврска“.

Преку овој проект ги анализираме и набљудуваме буџетските трошења на Општина Штип и Општина Кавадарци , со цел да се влијае врз степенот на транспарентност и отчетност на институциите, како и поттикнување на граѓанскиот активизам.

Дополнително, преку анализа на трошењата, да се прикажат практиките на работа со граѓаните, институционалните процедури и недостаток на процедури како и (не)примената на методологија. Тоа пак индиректно ја илустрира и изложеноста на директна или индиректна корупција на општинската администрација.

Предмет на анализа е доделувањето на средства за проекти, од распишување на повиците, одлучувањето, методологијата,како и сите останати процедури до известувањето и прифаќањето во Советот на Општините.

Исто така, предмет на интерес е начинот на прибирање на донации во општинските буџети, кои најчесто не се евидентираат, ниту поминуваат формално низ документацијата. Меѓутоа, проблемот е што донациите стигнуваат од компании, кои главно добиваат работи од општината преку јавни набавки.

Наодите на јавноста ќе и’ бидат презентирани преку две анализи, четири истражувачки стории за радио и интернет, следени со иконографици и визуелизации, а едно издание на емисијата „Стадион“ на партнерот – националното радио „Канал 77“, ќе биде посветена на темите што ги обработува проектот  „Без врска не е секогаш #безврска“. Сите активности ќе ги следи и публикација.

Проектот е поддржан од Транспарентност – Македонија и НВО Инвоцентар од програмата Граѓански организации и медиуми против корупцијата – Коалиција за нулта толеранција преку фонд на Европската унија.

Следете не’ на сајтот на Медиа Плус.